Никола Димитров убедливо води во анкетата за претседател. Каде се Пендаровски, Села, Ѓорчев и Силјановска?

Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2019
Никола Димитров, актуелниот министер за надворешни работи, води како убедливо прв во анкетата за сите можни кандидати за претседател на Македонија на следните избори во анкета што ја спроведува Телма.
Шефот на македонската дипломатија според ова истражување има рејтинг од 6.9 отсто. Може да му парира само Стево Пендаровски, претходниот кандидат на последните претседателски избори и национален координатор за НАТО, со 5.8 отсто се имињата кои се водечки за претседател на државата,
На третото место е Сијадин Села со 5.4 отсто, кој воедно има најголем рејтинг кај албанскиот политички кампус. Четвртото место со 4,2 отсто од гласовите идентичен рејтинг делат Влатко Ѓорчев, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, и поранешниот кандидат Имер Селмани, кој најверојатно нема ниту да влезе во трката..
Од друга страна, министерката за внатрешни работи Радмила Шекеринска и професоротДенко Малески, кој засега нема поддршка од партија, имаат по 2,7 проценти поддршка.
Професорката Гордана Силјановска Давкова, која учествува на огласот на ВМРО-ДПМНЕ, има рејтинг од 1,3 отсто, а. Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, е најдолу со само 0,9 проценти.
Можеби ќе ве интересира
Градоначалникот Сашо Јанкоски најостро го осуди палењето на бугарското знаме во Вевчани

Од една до пет години затвор - оформен е предмет, толку му се заканува на лицето што го запали бугарското знаме

Задолжителното пензионирање до 64 години „заглавено“ во Собранието, граѓаните кои сакаат да продолжат револтирани што не смеат да поднесат барања
Апасиев вели дека Албанците ќе бидат 28,5 отсто на пописот

ЗНАЕМЕ КОИ СТЕ, АГЕНТИТЕ ЌЕ ВЕ ПРОНАЈДАТ - порака од директорот на ФБИ до 200 осомничени кои упаднаа во Капитол

Спасовски: Вевчанци сакаa инцидент и политичко внимание

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ ЗА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЦА: Можност сите деца да добијат врвна грижа и во пандемиски услови
