20 Април, 2024
0.0283

Никола Груевски од Будимпешта откри име на нов странски инвеститор во Македонија

Објавено во: Економија 11 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Иако три години не евеќе премиер на Македонија, Никола Груевски, во своето вчерашно интервју од Будимпешта најави дека странскиот инвеститор „Магна“ наскоро ќе дојде и ќе постигне договор за работа во индустриската зона во Охрид.

Екс-премиерот, кој сега како азилант живее во Унгарија, вели дела се работи за инвестиција која била договорена од неговата влада. Се работи за  компанијата која се бави со производство на автомобилски делови.

-Од новите што треба да дојдат има уште доста. Сега јас не е кореткно сите да ги објавувам заради самите нив, но еве можам една да ви кажам ,,Магна” на пример е договорена спакувана уште во времето кога ние ја раководевме владата, тоа е компанија за автомобилски делови ќе инвестираат во Охрид. Барем беа решени во Охрид да инвестираат сега ако ја смениле нешто, ама генерално тоа беше. Сакаа прво да направат инвестиција во една друга држава ни рекоа готово договорени сме, да ја направиме оваа инвестиција кога ќе ја завршиме кога ќе тргне се, следната држава ќе бидете вие. Има и други само не е фер да ги спомнам - изјави Груевски за „Инфомакс“.

Груевски забележа дека сите инвестиции со кои сега премиерот Зоран Заев се фали се донесени и договорени од негово време.

– И оние инвеститори кои што сега инвестираа во Македонија, се инвеститори кои ние ги донесовме, со кои ние преговаравме со нив, ги носевме од локација на локација да гледаат каде да купат изградат или слично фабрика. Со некои од нив потпишавме и меморандум за соработка. Некои од нив дури беа почнале и да градат па сега ги завршуваат градбите. Така да немаат ниту една крупна посериозна инвестиција, која што ја донесоа, наведе поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговиот тим за привлекување на странски компании во Македонија вели дека бил „дрим-тим“ во однос на оној на Заев.

-Погледнете го тимот кои што тие го донесоа за странски инвестиции и споредете го со нивниот. Значи ние имавме луѓе што беа дрим тим на Република Македонија за привлекување на странски инвестиции. Јас сум ги молел да дојдат да ги соберам од различни страни на светот од познати компании, смета тој.



Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?