24 Април, 2024
0.0277

Никола Тодоров. Мицкоски го пушти низ вода Спиро Ристоски, ама сега ќе нема кој

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Никола Тодоорв, поранешниот министер за образование и за здравство и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, напиша статус на Фејсбук посветен до лидерот Христијан Мицкоски во кој му порачува дека по катастрофалниот пораз на локалните избори ќе мора да ја превземе одговорноста доколку партијата не победи со својот предлог на претседателските на пролет.

„Христијан треба да знае дека партијата никогаш не губи, туку само победува. При победа сите се заслужни, и сите ги делат аплаузите и заслугите, но при пораз вината паѓа главно врз претседателот на партијата, шефот на Републичкиот Изборен Штаб (РИШ) и генералниот секретар.

За жал иако тој како генерален секретар го доживеа најтешкиот пораз на локалните избори, за тоа без трошка срам го обвини Спиро Ристовски кој тогаш беше шеф на РИШ, а патем и негов доста близок личен пријател. Го пушти низ вода без око да му трепне човекот со кој буквално секојдневно заедно ја водеа кампањата за локалните избори. Онака, ладнокрвно. Дополнително, да потсетам дека тој (Христијан) беше и носител на листа за советници на град Скопје, каде исто така доживеа катастрофален пораз. Се повлече веднаш по сугестија на неговиот ментор и протеже, за во карактеристичен илузионистички стил да сокрие дека загубил, со цел да се амнестира од вината за поразот и да ја преземе партијата. Ладнокрвно, повторно“, напиша Тодоров меѓудругото.

Според Тодоров, доколку номинираниот кандидат за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ загуби на изборите, за тоа ќе биде обвинет од Мицкоски, па според тоа никој кој има кредибилитет нема да се нафати и да го прифати предлогот да биде шеф на државата предложен од партијата која ја води тој.

„Како сакаме да победиме ако повторно сме скарани со целиот свет, повторно се делат луѓето на предавници и патриоти и повторно живееме во историјата? Поделени и раскарани, дополнително го делиме и онака поделеното македонско национално ткиво. Кај младите сме тапа, у Скопје не проаѓаме. Не ја бива вака дечки. Менувајте ја тактиката радикално, борете се од внатре и обидете се да влијаете врз курсот на партијата, зашто очигледно ја носат во погрешен правец. Не носат во пораз на претседателските избори“, додаде Тодоров.

Тој е исклучен како член на ВМРО-ДПМНЕ по изгласувањето на отворањето на уставните измени во македонското Собрание.


Можеби ќе ве интересира

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката