21 Јули, 2019
0.0212

Николас Мадуро му испрати гитара на Роџер Вотерс

Објавено во: Свет 14 Јуни, 2019

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро му испрати мала јужноамериканска гитара како подарок на британскиот музичар Роџер Вотерс, еден од основачите на легендарниот бенд "Пинк Флојд", за да му се заблагодари за тоа што упатува критики кон санкциите на САД против оваа латинска земја.

Претседателот на Венецуела му се заблагодари на британскиот музичар за неговото "разбирање, солидарност и поддршка за венецуелскиот народ што се соочува со американската империјалистичка блокада".

Венецуела, која има најголеми резерви на нафта во светот, доживува најголема економска криза во својата историја, а Мадуро му препишува на САД дека води "економската војна".

Роџер Вотерс одговори со видео во кое вели "дека е возбуден" од подарокот Мадуро.

"Ќе продолжиме да правиме се што можеме за да ја поддржиме борбата на венецуелскиот народ против напорите на Империјата да го уништи. Ние сме на ваша страна и ќе продолжиме да бидеме", рече тој.


Можеби ќе ве интересира

Во Украина се одржуваат парламентарни избори

Во Украина се одржуваат парламентарни избори

(ВИДЕО) ДРАМА НА СИЦИЛИЈА: Вулканот Етна исфрлаше лава, затвори два аеродроми

(ВИДЕО) ДРАМА НА СИЦИЛИЈА: Вулканот Етна исфрлаше лава, затвори два аеродроми

Илјадници луѓе протестираа во Москва поради одбивање на кандидатури за изборите

Илјадници луѓе протестираа во Москва поради одбивање на кандидатури за изборите

(ВИДЕО) Иранската телевизија објави видео снимки од запленет британски танкер

(ВИДЕО) Иранската телевизија објави видео снимки од запленет британски танкер

Тензиите меѓу Велика Британија и Иран се зголемуваат со запленувањето на двата танкери

Тензиите меѓу Велика Британија и Иран се зголемуваат со запленувањето на двата танкери

Ангела Меркел сака да ужива во здрав живот по политичката кариера

Ангела Меркел сака да ужива во здрав живот по политичката кариера

Трамп: Убеден сум дека соборивме ирански дрон

Трамп: Убеден сум дека соборивме ирански дрон

МИНИСТЕР СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Вечера платил со службена картичка

МИНИСТЕР СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Вечера платил со службена картичка

Иран демантира: САД по грешка можеби урнале свој дрон

Иран демантира: САД по грешка можеби урнале свој дрон