Николоски: Ќе го ревидираме автопатот Требеништа - Ќафасан

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2025 12:04
Александар Николоски, министерот за транспорт,денеска како одговор на новинарско прашање рече дека ќесе ревидира изградбата на трасата од автопатот Требеништа - Ќафасан, четвртата делница од проектот со конзорциумот „Бехтел и Енка“.
Министерот рече дека со актуелниот проект се загрозува автентичноста на Охридското езеро, а со друго решение може и да се заштеди на трошоци ако се скрати патот до Струга преку новиот автопат Кичево - Охрид.
- Треба да донесеме стратешка одлука во однос на развивањето на тој проект.За тоа постојат неколку причини.Првата е тоа што јас ветив дека до крајот на следната година ќе имаме целосно функционален автопат Кичево - Охрид и тука се поставува прашањето како најдобро да се поврзе Струга, затоа што од Подмоље има само седум километри до градот.
Второто прашање е заштитата на Охридското езеро и целиот регион. Ние имаме стриктни забрани од УНЕСКО да развиваме автопат и железница во заштитениот дел. Во март во Париз ќе ги отвориме овие прашања и секако нема да одиме спротивно на препораките на УНЕСКО,рече Николоски.
Како решение, министерот гледа неколку опции - поместување на трасата посеверно, целосно нова траса, вклопување во постојаната траса или отсечка од Подмоље до Струга како сврзница на постојниот автопат Охрид - Кичево.
- Не би сакал да се врзувам со рокови,туку на заштита на се ова што го имаме.Треба да се направи баланс помеѓу заштитатат и развојот на инфраструктурата, изјави Николоски и додаде дека сликата ќе биде појасна кога ќе се догради автопатот Кичево - Охрид до крајот на 2026-та.
Можеби ќе ве интересира
ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

УНИШТЕНИ ДЕСЕТИНА КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА! Еве што велат од АХВ

ПРОПАДНА БАНКА ВО ГЕРМАНИЈА: Засегнати илјадници клиенти, што ќе биде со нивните пари?

НАЈДОА НАЧИН КАКО ДА ГИ ЗАОБИКОЛУВААТ САНКЦИИТЕ: Русите користат криптовалути во трговијата со Кина и Индија

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески на средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски

НОВИ ШОКОВИ: Расте цената на златото, прогнозираната граница е достигната

Николоски: Ја пријавив Бугарија дека не сака да ја гради железницата
