18 Април, 2024
0.0280

Николоски: На Мечкин Камен бев исвиркан по партиска команда од директорчиња на СДСМ

Објавено во: Македонија 06 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата Вечерашно шоу на ТВ Алфа рече дека при прославата на празникот Илинден на Мечкин Камен бил режирано исвиркан од функционери на СДСМ.

Тој ја предводеше делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците Драган Ковачки и Ане Лашкоска, а исвиркан бил од поранешниот пратеник од Ѓорче Петров, Александар Ацевски, кој сега е директор на Македонија пат и за кого опозицијата тврди дека набавил битумен со прескап транспорт на истиот.

-После тоа пристапивме ние, нормално си имаа овие од СДСМ организирано „топол пречек“ за нас кои што се обидоа подоцна да го спинуваат во јавноста дека имало наводно свирежи, а всушност се работеше за 100тина луѓе кои што беа по партиска команда на разни директори и директорчиња, почнувајќи од директорот на Македонија пат познат по тоа што набави битумен за 9 милиони евра во кои чиста заработка е 4 милиони евра и ќе го има најскапиот транспорт на планетава, затоа што веројатно ќе се транспортира од Шведска во Македонија за 11.000 евра по цистерна. Така што тој беше таму, имаше различни други директори и директорчиања. Тие беа тие што го правеа нередот, останатиот дел од народот беше мирен, рече Николоски.

Тој додаде дека за време на манифестацијата немало место каде да седне делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

- Кога стигнавме таму нормално немаше за нас место каде да седнеме, очекувано нели затоа што сме од ВМРО-ДПМНЕ, па на неколку од протоколот навистина им беше непријатно носеа столчиња, ние одбивме и стоевме во шумата и почекавме да ни дојде редот да положиме свежо цвеќе и ние таму не бевме заради владата, туку бевме да искажеме почит на Питу Гули и на оние кои што загинаа со него бранејќи ја Крушевската Република, истакна Николоски.

Можеби ќе ве интересира

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан