19 Април, 2024
0.0334

Николоски: Не треба да има мајоризација на малцинството над мнозинството и обратно

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Александар Николоски, еден од тројцата нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека неговата партија секогаш се залагала за евроатлантски интеграции и се стремела за независна македонска држава која што ќе е во сојуз со западните сили.

„Тоа е основата на која сакаме да ја градиме новата политика на ВМРО-ДПМНЕ, тоа значи силно сојузништво со земјите членки на НАТО и на ЕУ, партнерство со САД, со Велика Британија, со Германија, Франција, Италија и останатите големи сили. Ние секако имаме свои принципи и свои вредности зад кои што стоиме и ќе се обидеме на нашите партнери од меѓународната заедница да ги претставиме истите, изјави Николоски за Сител.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека спорот за името мора да се води во рамките на ОН и да се внимава на предизвиците.

„Доколку излезе надвор од овие рамки Македонија ќе е таа која што ќе изгуби. Ние како помала држава во овој спор секогаш мора да се држиме до правилата и принципите на меѓународното право, а рамката во ОН е единствената која што ни одговара нам, на Република Македонија, рече Николоски.

Тој зборуваше и за односите на ВМРО-ДПМНЕ во иднина со албанските партии, кажа дека политики на исклучивост или политики на наметнување како што е изгласувањето на Законот за јазиците можат само да ги оддалечуваат.

„Силно партнерство е потребно и потребно е разбирање, ниту треба да има мајоризација на мнозинството над малцинството, но ниту обратно не треба да има мајоризација на малцинството врз мнозинството. Ако успееме да изградиме едни принципи на партнерство, тогаш мислам дека Република Македонија има стабилна иднина, а секако и ВМРО-ДПМНЕ ќе може да има силни партнери во албанскиот народ, изјави Николоски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите