27 Септември, 2024
0.0276

Николоски: Со тоа што бараат моја оставка, сакаат да ја контролираат Македонија

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот Александар Николоски во студиото на дневникот на Сител рече дека со тоа што политичката елита бара оставка од него, всушност покажува дека сака да ја контролира Македонија.

- Оставка во Македонија од мене може да побара премиерот или може да побараат тие што ме избрале, а тоа е народот. Недозволиво е да странска држава бара оставка да си поднесе подпретседател  на влада и министер. Тоа никаде го нема, тоа е директно мешање во внатрешните односи на една држава, тоа е директен упад во внатрешни односи на една држава, рече потпретседателот на влада и на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на Дневникот на телевизија Сител во однос на барањето на неговата оставка од страна на бугарски политичари, додавајќи дека ова што го направи Бојко Борисов во случајов само покажува што всушност тие сакаат, а тоа е да ги водат политичките процеси во Македонија и да диктираат, рече министерот за транспорт.

Според Николоски, ќе дојде време од Бугарија да сакаат и обвинителите во Македонија да ги бираат.

„Така што јасна ни е интенцијата, прво сакаат да се мешаат во внатрешните работи и второ, кој е кредибилитетот на човекот што тоа го бара од мене. Јас го кажав тоа, човек кој што беше сликан со пачки злато и стотици илјади евра до него да зборува за моја оставка, изинете не е достоен за таа работа“, рече Николоски.

Според неговите сфаќања, во Бугарија има една екипа од дваесетина личности кои што се обидуваат да ги расипат пријателските односи меѓу Македонија и Бугарија и меѓу блиските македонски и бугарски народ.

„Таа екипа од дваесет политичари и историчари успеа да уништи добри односи помеѓу двата народи, македонскиот и бугарскиот народ се блиски народи и имаат добри односи. Дваесет политичари и историчари од Бугари успеваат да ги уништат тие односи и тие односи да се на рекордно ниско ниво заради овој пристап кој што го имаат“, додаде Николоски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања