Николовска: Власта упатува порака дека ќе има прочистување на оние кои нема да работат по нивен налог
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2020
Ова е голема неправда, ова е злосторничко здружување против македонскиот народ, беше порачано на протестот на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата попладнево пред Министерството за правда го започна петтиот по пред тематски протест.
Адвокатката Ружица Николовска порача денес дека имаме Министерство за неправда.
„Имавме огромен број на случаи и сомневања за криминал. Дали нешто преземаа, дали некој доби судски епилог? Не, не доби“, вели таа.
Таа рече дека власта не испорачала правда.
„Дали испорачаа правда во случајот „Рекет“? Не, гледаме селектива правда и селективен пристап“, рече таа.
Николовска изјави дека власта упатува порака дека ќе има „прочистување“ во судството на оние кои нема да работат по нивен налог.
Овој протест е против сите неправди или како што пишува и на транспарентот што го носат демонстрантите „Против реваншизмот и политичкото насилство“.
На протестот беше интонирана и македонската химна.