Николоски: Да бидат објавени тонски записи за „Рекет“ во судот
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2020
Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва на прес-конференција постави прашања во врска со случајот „Рекет“.
Праша што барал еден од инволвираните во „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец, да се сретне со братот на екс премиерот Зоран Заев, Вице Заев.
Бара да бидат објавени тонски записи за „Рекет“ во судот.
„Ова е само врв на ледениот врв, ова е врв на скандалот“, изјави Николоски.
Смета дека обвинителството прави обид да го скрие семејството Заеви.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат да се објави што зборувале Вице Заев и еден од вмешаните во „Рекет“, и да се дознае што зборувале Зоран Заев и Јанева.
Николоски тврди дека се изрекетирани многу повеќе пари, и дека лицата на кои им се суди се само извршители.