25 Април, 2024
0.0274

Нина Ангеловска: Капиталните инвестиции следната година нема да бидат надувани

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Нина Ангеловска, министерката за финансии, синоќа во своето гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на ТВ Алфа рече дека за следната година нема да се проектираат високи суми за капитални инвестиции во буџетот за 2020, откако овие јавни трошења завршија неславно во 2019 и 2018 со ребаланс поради нискиот процент на реализација, па парите мораше да се прераспределуваат за други намени.

„Проектирањето на капиталните инвестиции ќе биде ненадувано, реално за следната година“, рече Ангеловска, најавувајќи ја новата методологија за проектирање на капиталните инвестции со што истите ќе се претстават со помали суми со цел процентот на реализација да биде прикажан како повисок.

Според последните податоци објавени на страната на Министерството за финансии, заклучно со септември годинава се реализирале само 37,64 проценти од планираните инвестиции. Или, додека за капитални расходи од буџетот се издвоени 369.208.020 евра, се потрошиле 138.955.547 евра.

Бројките се разочарувачки иако се знае дека капиталните расходи или капитални инвестиции, се оние расходи на буџетските корисници наменети за трајни добра, како патишта, училишта, болници, водоводи, студентски домови, спортски објекти, апарати за здравството, опрема хардвер, софтвер …

Ангеловска во телевизиското студио наведе дека не може да се надомести штетата и да се вратат 12-те милиони евра од наплатениот прогресивен данок пред да биде замрзнат, како што бара опозицијата, затоа што по тој принцип тогаш државата треба да се враќа на штетата од други минати закони и одлуки. 

Министерката не сака да дава прогнози колкав ќе биде буџетот за 2020 пред да биде усвоен на владина седница, напоменувајќи дека мерките за субвенции за платите и за социјалните реформи се предвидени за седната година и дека тој е ликвиден и може да го издржи тоа. 




Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?