Нина Ангеловска: Првите платежни картички предадени во рацете на граѓаните
Објавено во: Економија 13 Јуни, 2020
Нина Ангеловска, министерката за финансии, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, информираше дека првите платежни картички од кампањата „Купувај домашно“ од третиот сет на економски мерки за ублажување на корона-кризата се веќе во рацете на граѓаните.
- Има корисници кои што веќе ги добија картичките. Вчера една од банките достави над 3.000 картички кои што се предадени веќе кај граѓаните, рече Ангеловска.
Платежните картички ќе ги добијат граѓаните со ниски приходи, социјално загрозените, средношколците, студентите, како и медицинските лица од првите редови во борбата со коронавирусот.