22 Ноември, 2019
0.0266

Нина Ангеловска: Ребалансот на буџетот не беше поради недостиг на приходи

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2019

Министерката за финансии Нина Ангеловска од Вашингтон порача дека ребалансот на буџетот не се направил поради недостиг на приходим туку поради реалокација на средствата, првенство како што вели таа, да се инвестира во човечкиот капитал во Македонија.

- Ребалансот е нормална алатка и се прави секоја година. Не се прави заради проблеми во наплатата. Приходната страна е одлична. Човечкиот капитал е една од темите, а ребалансот е во насока на мотивираноста на вработените, за финансиска поддршка на бизнисот., вели Ангеловска.

Таа заедно со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска - Бежоска, учествуваат на годишните Есенски средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон каде учествуваат највисоки претставници и експерти од 189 земји во светот. 

Македонската економија е во добра кондиција и реални се очекувањата земјата да стаса до 3,5 отсто, вели Ангеловска.

- Светска банка го ревидира растот, овој пат на 3.2 отсто. Се бележи раст на извозот, на кредитирањето, на приватниот сектор, раст на градежништвото, инвестициската активност, потрошувачката. Македонската економија се движи во добра насока. На крајот очекуваме растот да достигне до 3,5 колку што се проекциите на Министерството за финансии и Народна банка. Растот на извозот кон Германија е зголемен за 20 отсто. Флексибилни сме како мала аекономија во применувањето на мерките, порача Ангеловска.

Членството на НАТО, како што вели таа, ќе донесе зголемување на невработениоста, раст на БДП, извозната активност, странски директни инвестиции. 

- Тоа значи поволна околина за инвестирање. Сите реформи што ги правиме ги правиме за нас, не само за да задоволиме критериуми, додаде таа.

Можеби ќе ве интересира

ИМА ЛИ ПРОПУСТИ КАЈ НЕКОЈА КОМПАНИЈА: Ќе се контролира како се чуваат државните нафтени резерви

ИМА ЛИ ПРОПУСТИ КАЈ НЕКОЈА КОМПАНИЈА: Ќе се контролира како се чуваат државните нафтени резерви

Извршители ја тероризираат пензионерката Надица: Казнета сум што не сакам да користам нешто уште од 2007

Извршители ја тероризираат пензионерката Надица: Казнета сум што не сакам да користам нешто уште од 2007

Џиновите од малата Виница лани направија приход од 124 милиони евра

Џиновите од малата Виница лани направија приход од 124 милиони евра

ДА СЕ РАБОТИ ПОМАЛКУ ОД 8 ЧАСА ДНЕВНО - Синдикатот бара европски услови, фирмите скептични

ДА СЕ РАБОТИ ПОМАЛКУ ОД 8 ЧАСА ДНЕВНО - Синдикатот бара европски услови, фирмите скептични

Кој заработува од сириската нафта?

Кој заработува од сириската нафта?

ТЕСТ ЗА НАРКОТИЦИ, ПА ВЛЕЗ ВО АВТОБУС: Во Словачка работат 20.000 Срби, ова се условите

ТЕСТ ЗА НАРКОТИЦИ, ПА ВЛЕЗ ВО АВТОБУС: Во Словачка работат 20.000 Срби, ова се условите

УЈП: Проверете си ги трансакциските сметки, следува исплатата на „Мој ДДВ“

УЈП: Проверете си ги трансакциските сметки, следува исплатата на „Мој ДДВ“

УТРИНСКИ ФОКУС: Кавадарци има седуммина величествени, кои се тие?

УТРИНСКИ ФОКУС: Кавадарци има седуммина величествени, кои се тие?

ЗА ХРАНА, СОКОВИ И ЧОКОЛАДИ - кои се „иноватори“ зеле државни пари

ЗА ХРАНА, СОКОВИ И ЧОКОЛАДИ - кои се „иноватори“ зеле државни пари