28 Март, 2024
0.0273

Нина Ангеловска задоволна од состанокот со банкарите, кои ќе треба да изработат 300.000 платежни картички

Објавено во: Финансии 20 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Нина Ангеловска, министерката за финансии, објави дека е задоволна од вчерашниот сотанок со раководителите на деловните банки во Македонија кои ќе треба во наредниот период да изработат околу 300.000 платежни картички преку кои невработените, нископлатените работници, студентите и средношколците ќе добијат пари од државата како дел од третиот сет економски мерки заради зголемување на потрошувачката.

„Вчера имавме конструктивен состанок со банките за домашната платежна картичка. Ги дискутиравме деталите, очекувањата и целите. Банкарскиот сектор треба да има клучен придонес на патот кон безготовинско општество, кое е долгорочна стратегија чија реализација може да биде забрзана во услови на оваа COVID криза со која се соочуваме“, напиша Ангеловска на својот профил на Фејсбук.

Домашните банки генерално малку знаат за проектот домашна платежна картичка кој Владата го промовираше со третиот сет мерки за помош на граѓаните и на стопанството во услови на криза предизвикана од пендемијата со Ковид-19. Ден пред на бидат обелоденети мерките речиси ниту една од банките не беше консултирана и контактирана. Од нив било само побарано да се изјаснат за бројот на иматели на картички. Сепак сега станува јасно дека сметката на картичката нема да биде врзана со трансакциската сметка, туку за тоа ќе се отвора нова сметка. 

Фактор дознава дека програмата најверојатно ќе се води со помош на Мастеркард и картичките ќе се внесуваат во системот на картично плаќње на малите трговци во земјата. Трговците кои немаат пос терминали ќе ги добијат бесплатно. Но деталите за тоа кога ќе се изработуваат, како ќе се аплицира за картичките, советникот на премиерот, Фатмир Битиќи, ги најави за две до три недели кога ќе бидат донесени и посебни уредби за тоа.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка