25 Април, 2024
0.0351

Нина Николиќ: Со дигитализација на стартап еко-системот ќе бидеме пиoнери во регионот

Објавено во: Мои пари 25 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Претприемништво, стартап заедницата #MKstartups, дигитализација на еко-систем и женски претприемнички дух во нашата земја, се темите на кои разговараме со Нина Николиќ, од #SwissEP. 

Претприемништвото во Северна Македонија постојано се развива од младите генерации, какви се вашите видувања?

Николиќ: Стартап заедницата (#Mkstartups) која што од самиот почеток е супер поврзана и отворена за соработки има голем удел во тоа што денес го гледаме како резултат. А според мене тоа е промена на начинот на размислување, да се охрабриш да ја реализираш својата идеја и да градиш бизнис од тука, наместо да “чекаш сигурна работа”. Сеуште работиме на таа промена на начинот на размислување и делување, меѓутоа сега по структуирано преку активностите на Стартап Македонија, со повеќе партнер организации кои работат за поддршка на стартапи и секако #SwissEP - Швајцарската програма за претприемништво со сите интернационални експерти кои имаат споделено знаење со нашите млади прептриемачи, кои соработуваат со нив и им помагаат да ги пораснат своите бизниси.

На што треба да се работи во нашето општество да жените бидат на лидерски позиции, кои се вашите ставови на оваа тематика. 

Николиќ: Се е до начинот на размислување, за било што во животот. Растени сме во општество кое кажува каде треба да е местото на жената, со традиции, обичаи... Меѓутоа реалноста во која живееме е сосема поразлична и уште ќе се менува во иднина. Со поглед кон иднината, дефинитивно ни се потребни повеќе жени на лидерски позиции. Придонесот што жените како иноватори, претприемачи и мотори на промени можат да го дадат на економскиот раст во Македонија е многу важен. За таа цел, како иницијатива започнавме со Womenpreneurs Stories во 2017-та година, со цел да ги прикажеме успешните приказни на жените претприемачи и на лидерски позиции од Македонија и од странство. Следниот настан е закажан за 01-ви Април со специјални гостинки од Чикаго, САД кои ќе инспирираат со нивните приказни и ќе ни пренесат знаење за како да задржите вработени во вашата компанија, како да го пласирате вашиот производ/услуга во САД и како да изградите заедница.

Колку се важни стартапите во нашата заедница, имаме ли до сега позитивни резултати. 

Николиќ: Стартапите, кои се мали бизниси со потенцијал за голем раст, се исклучително важни за економскиот раст во секоја држава. Тие се оние кои работат на промени и креираат атрактивни работни места. Да се биде дел од нешто ново, иновативно, да се работи со инспиративни луѓе со цел креирање позитивни промени во едно општество и/или на регионално/глобално ниво е навистина голема придобивка за многу. Имаме доста успешни стартапи кои работат на нашиот пазар, како последна успешна приказна би ја издвоила Мама Органа, на Наталија Бургиева, која беше дел од учесниците од Македонија на #SwissEP програмата за жени претприемачи во Цирих, Швајцарија. Како лидер на нашата делегација сум горда на нашите претставнички, Светлана Кордумова, CEO - Pixyle; Александра Јанакиевска – Co-founder - Laika; и Ивана Станковиќ од South Central Ventures, кои имаа што да покажат во Цирих на работната недела, да учат од ментори од Швајцарскиот стартап екосистем, да се поврзат и наптреваруваат со учеснички од Албанија, БиХ, Србија, Перу и Виетнам. Во финалето влегоа само шест стартапи од вкупно 20, четири беа од Перу, еден од Виетнам и само еден од земјите од Западен Балкан, тоа е Мама Органа од Македонија, кој освои трето место.


Кои услови се важни да стартапите функционираат?

Николиќ: Многу од предусловите се веќе поставени: лесно да се регистрира компанија, да има достапност на информации, поддршка, програми, соработка и финансии. Сега со Стартап Македонија и со УСАИД се работи на дигитализација на еко-системот, нешто што ќе е од корист за сите кои се дел или сакаат да бидат дел од стартап екосистемот. Се ќе биде достапно на една платформа, и со таа дигитална платформа ќе бидеме и пионери во регионот.

Колку на странците им е привлечна нашата земја да токму тука отвораат стартапи односно го започнат својот бизнис?

Николиќ: Може ќе е изненадување за многу, ама странците со кои работам се воодушевени од Скопје, кога не е загаден воздухот, како и од нашата земја. Најмногу заради тоа што им е ефтино односно трошоците за живот тука им се минимални. Со се што набројав погоре и странците забележуваат колку поволности имаме, само што правно за нив е потешко да ги искористат бидејќи не се жители. Доколку се воведе стартап виза каде основачи на стартапи ќе можат да престојуваат тука барем 12 месеци, ќе видиме многу голем прогрес бидејќи само со диверзификација и размена на искуства и знаења и соработка ќе може да одиме напред, да сме конкурентни и да си направиме супер услови за живот.

Втора сезона од конференциите на Женски приказни, какви и кои теми до сега ги обработивте, кои беа придобивките? 

Николиќ: Започнавме со споделување на инспиративни приказни на жени на лидерски позиции и сеуште тоа е дел од концептот, меѓутоа со многу од гостинките од странство работиме и на теми како дигитален маркетинг, бизнис модел канвас, иновации на работно место, crowdfunding... Најголема придобивка за нас е тоа што креиравме платформа за многу жени да имаат можност да зборуваат во јавност на англиски јазик, нешто што ќе им отвори врати за регионални/интернационални настани и конференции, од друга страна за учесниците најголема придобивка е тоа што многу од нив на овие настани си имаат пронајдено ко-основач, нова работа, нови контакти, познанства и голема доза на инспирација и мотивација. Како следен чекор е да се креира програма за потенцијалните иновативни жени претприемачи, на која што работиме.


Каква публика има на овие предавања, има ли и мажи кои би сакале да чујат за жените и нивните бизнис приказни.

Нина Николиќ: 90% се жени, би сакале да имаме баланс во публиката, бидејќи настанот е отворен за сите, приказните се инспиративни за сите без разлика на возраст, пол, нациналност...

Кој е твојот личен предизвик за развој на програмите кои ги реализирате? 

Николиќ: Најголем предизвик за мене е дефинитивно времето, би сакала да имам повеќе време на располагање за сите замисли и иницијативи кои што би сакала да ги реализирам.

Какви се активности во иднина би сакале да ги имплементирате со Швајцарската програма за претприемништво #SwissEP?

Николиќ: Со #SwissEP продолжуваме да ги поддржуваме партнерите кои работат во екосистемот, поголем фокус ќе има на трите нови акселераторски програми кои треба да започнат со работа наскоро, поддршка на Стартап Македонија во процесот на дигитализација на екосистемот, работа со бизнис ангелите во подготовка на стартапите за таков тип на инвестиции, продолжување со програмата Entrepreneurs-in-Residence… Нашата програма е како еден вид на стартап, агилни сме на барањата на нашите партнери со цел побрз и поквалитетен развој на нашиот стартап еко систем.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка