25 Април, 2024
0.0391

Нина треба да врати 460 милиони евра до декември, има ли пари?

Објавено во: Економија 31 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Првиот голем тест за централниот буџет доаѓа утре, а до средината на април треба да се вратат 42,3 милиони евра на заемодавците од кои предничат банките. Во мај доаѓаат за враќање уште 78 милиони евра. До крај на година вкупно за враќање државата по основ на државни записи и обврзници има да врати 460 милиони евра. „Фактор“ не доби одговори како и од каде ќе се обезбедат пари за намирување на државните обврски. Во овие услови државата треба да биде пример за навремена и редовна исплата на своите обврски, за да може да ги стави во ред тие што не би сакале да плаќаат...

Од април до крајот на годинава доспеваат за наплата вкупно 460 милиони евра државни обврзници со различна рочност, покажуваат јавно достапни податоци кои можат да се проверат на веб страницата на Министерството за финансии кое треба да ги обезбеди и врати овие пари кои дсега биле зајмени за буџетски потреби.
Во април доспеваат за враќање 42,3 милиони евра (само за споредба тоа е износ што е поголем од месечната бруто плата за цела администрација н.з.) а во мај доспеваат уште 78 милиони евра. Вкупно до крај на годинава доспеваат за враќање 459,2 милиони евра од кои најголем дел односно 367,2 милиони евра доспеваат по основ на 12 месечни државни записи. Другите 92,2 милиони евра доспеваат во последниот квартал годинава и се обврски кои се направени со задолжување со двегодишни и тригодишни државни обврзници.

Најголем дел од обврските , веруваме, дека се спрема деловните банки кои се големи кредитни партнери односно заемодавачи на државата. „Фактор“ достави прашања до Министерството за финансии во кои побара информација во врска со враќањето на долгот по основ на државни записи и обврзници до крајот на годинава. Прашавме дали државниот буџет е во кондиција дали веќе се обезбедени средства за априлската отплата и дали за до крај на годинава се преговара со заемодавачите да одложено плаќање на обврските или репрограмирање на долгот. Одговор не добивме, но доколку добиеме ќе го објавиме во целост.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди