29 Март, 2024
0.0276

Ниту дводневниот притисок во Собранието не го натера Заев да каже какви планови има Биг Мајк во Македонија

Објавено во: Економија 01 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Иако два дена по ред - во петокот и саботата, опозициските пратеници во Собранието додека траеше расправата пред гласањето за новите министри и заменици-министри го опсипуваа со прашања за тоа какви планови во Македонија има Мајкл Штрауметис, премиерот Зоран Заев вешто избегнуваше да одговори за средбата со бизнис естрадната ѕвезда.

Шефот на Владата во текот на целата седница „водеше борба“ надмудрувајќи се од собраниската говорница со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за прашања од економијата, меќународните односи и демократијата, но единствено не даде објаснување за мотивите на Биг Мајк да го спушти својот приватен авион на скопскиот аеродром и да најави дека од Македонија би направил европска „канабис супер сила”. 

Секторот за односи со јавноста и натаму одбива да одговори која е целта на оваа посета и во какви преговори е со познатиот претприемач во полето на одгледување на канабис, кој наедно е и мега-популарен на Инстаграм, инаку засега единствениот извор на информации за неговата неодамнешна посета во Македонија и средбите со личности од политичкиот живот во нашата земја.

Штрауметис допатува во Македонија во вторникот, ги најави своите супер планови за инвестициите во полиња со марихуана и го сподели својот ентузијазам за соработка со македонската влада, а беше придружуван и под полициска заштита.

„Зборувавме многу за канабисот. И, дозволете ми да ви речам, оваа земја има голем потенцијал. Возбуден сум што ќе бидам дел од претворањето на Македонија во една од европските супер сили“, истакна Штрауметис по средбата со Заев.

Покрај средбите со функционерите, контроверзниот инвеститор од САД беше во посета на некои од постоечките погони за производство на медицински канабис во земјава

Засега единственото објаснување е дека Владата на Република Северна Македонија и премиерот Зоран Заев на дневно ниво реализираат бројни средби и работни состаноци на економски теми и дека не постои таква рутина за јавно информирање за сите работни средби во Владата.

Сопственикот на „Advanced Nutrients” ја поседува најголемата компанија во светот за продажба на хранливи продукти специјализирани за канабис, со 90 милиони американски долари годишно во продажба во повеќе од 93 земји.

Македонија во последните три години заедно со Бугарија и Грција важат за либерални земји на Балканот кога станува збор за производство на канабис за медицински цели иако засега не се познати економските ефекти, односно нема официјални резултати за влијанието во македонскиот БДП на овој сектор, иако првичниот мотив кога се носеа законските решенија беше токму тоа.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат