25 Април, 2024
0.0293

НИТУ НЕКОЈ ДНЕВНО СЛЕДЕЛ, НИТУ КОНТРОЛИРАЛ КАКО ВРАБОТЕНИТЕ СИ ГИ ВОЗЕЛЕ СЛУЖБЕНИТЕ КОЛИ - Државната ревизија по „чешлањето“ на Агенцијата за вработување

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Никој не контролирал и не водел дневна евиденција за тоа колку и каде вработените во Агенцијата за вработување ги возат службените возила и колку бензин трошат, ниту, пак, се следело колку високи трошоци биле направени.

Ова е една од клучните забелешки на државните ревизори за работењето на Агенцијата за вработување за периодот во 2020 година.

Од ДЗР велат дека овие финансиски извештаи се одговорност на двајца директори на Агенцијата, и тоа поранешната директорка Билјана Јовановска, која директоруваше со Агенцијата до почетокот на ноември минатата година, како и Абдуш Демири, кој оттогаш директорува со Агенцијата, а и сега е на таа позиција.

Ревизорите изразиле неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

Еве што откриле ревизорите кога станува збор за внатрешните контроли во Агенцијата за вработување.

„Не се воспоставени контроли и дневна евиденција за изминатите релации и километража со службените возила, како и евиденција за просечната потрошувачка на горивото при користење на истите од страна на вработените задолжени со возило во центрите за вработување, со што ќе се обезбеди следење на потрошокот на горивото на службените моторни возила.  Наведеното не е во согласност со Правилникот за користење на службените моторни возила, со кој е предвидено податоците од евиденцијата до 5-ти во месецот за претходниот месец да се достават до Одделението за стручно техничка поддршка, кое по одобрување на истата, ја доставува до Секторот за финансиски прашања“, се вели во ревизорскиот извештај.

За надминување на утврдената состојба до раководителите на центрите за вработување доставено е укажување за целосно почитување на одредбите на Правилникот од лицата кои се задолжени со службени моторни возила.

Поточно, како препорака ревизорите навеле „хронолошко и ажурно водење на дневна евиденција за користењето на службените моторни возила и просечната потрошувачка од стана на вработените за службено моторно возило, и неа да ја доставуваат до надлежното одделение во Агенцијата.

Натаму, ревизорите утврдиле неправилности и кај јавните набавки. Односно, дека се преземени обврски без спроведување на постапки за јавни набавки, склучени се договори кои не се во согласност со утврдените услови во тендерската документација, како и слабости при следење на реализацијата на склучените договори за јавна набавка.

Од Агенцијата се правдале дека центрите за вработување се распоредени низ цела држава и дека им било позгодно сами да си ги спроведуваат јавните набавки, наместо централизирано.

„Одговорното лице на Агенцијата да преземе мерки за спроведување на постапките за јавни набавки од страна на централната служба за потребите на сите центри за вработување, и склучување на договори согласно утврдените услови во тендерската документација, како и следење на реализацијата на договорите“, децидно се вели во препораката од ревизорите.

Утврдени се слабости во системот на внатрешни контроли во процесот на набавка, прием, издавање и евидентирање на залихите на материјали, процесот на евиденција на горивото за моторните возила и процесот на исплата на средства за активни програми и мерки за вработување.

Колективниот договор на ниво на работодавач не е усогласен со важечката регулатива и не е доставен предлог до Владата за утврдување на вредноста на бодот за пресметка на платите на вработените.

Не се склучени менаџерски договори меѓу директорот и заменик директорот на Агенцијата и Владата согласно измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

Има и недоволна екипираност на Секторот за внатрешна ревизија и нецелосна реализација на планираните ревизии, а нецелосно е извршен попис на средствата, побарувањата и обврските.

Натаму, во извештајот се вели дека Агенцијата немна донесено политики за сметководствено работење и за спроведувањето на финансиските контроли и усогласување меѓу ЦВ и ЦС, како и интегрирање на податоците од системот на активни програми и мерки. Затоа, ревизорите велат дека во Агенцијата мора да се донесат процедури со утврдени контроли за исплата на средства за активни програми и мерки за вработување во центрите за вработување и донесување на политики за спроведување на контрола.

Уште една сериозна забелешка има ДЗР за работењето на Агенцијата. Имено, во Колективниот договор се предвидени бодови за ниво на директор и заменик на Агенцијата и тоа 945 за директор и 661 за заменик.

„Бодовите користени при пресметка на платата на директорот не се пропишани во член 87 од Законот заадминистративни службеници и ревизијата не доби информации како истите се изведени, додека за пресметка на плата на заменик директор применети се бодови за ниво А3 – секретар од трето ниво. Оваа состојба не е во согласност со Законот за плата на избрани и именувани лица во земјава, а причина е пропуст направен во Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на плата на функционерите кои ги именува Владата, во која не се определени коефициенти за директор и заменик директор на Агенцијата. Наведеното не овозможува законско и точно пресметување на платите и придонесите на именуваните лица во 2020 година. Со донесувањето на измените на Законот за вработување во јуни 2019 година оваа состојба е надмината и предвидено е Владата со директорот и заменикот да се склучува менаџерски договор, но се уште не се склучени менаџерски договори“, се вели во ревизорскиот извештај.

Се додава и дека во текот на ревизијата од страна на директорот на Агенцијата била доставена иницијатива до Владата со која се бара почнување на постапка за склучување менаџерски договор согласно одредбите на законот.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?