НИТУ ВО СРБИЈА, НИТУ ВО МАКЕДОНИЈА: Каде Фолксваген ќе отвори фабрика?
Објавено во: Економија 12 Јули, 2019
Автомобилскиот гигант од Германија, Фолксваген одлучи да изгради сопствена фабрика во Турција. Ова информација ја објави германското специјализирано издание „Аутомобилвохе“, цитирано од Ројтерс. Фолксваген засега не ги потврди информациите.
Одлуката е донесена на вчерашната средба на Надзорниот одбор на германскиот производител на автомобили. Се верува дека новата фабрика за 1,3 милијарди долари ќе биде лоцирана во Измир. Една од причините да биде избрана Турција е тоа што таа е подготвена да даде великодушна финансиска помош за изградба на новата фабрика.
Главниот извршен директор на Фолксваген, Херберт Дис лично се вклучил во проектот и неодамна ги посети Турција, Бугарија и Виена, за да разговара со инвеститорите.
„Аутомобилвохе“ потсетува дека со месеци Фолксваген се обидуваше да донесе одлука во врска со новиот погон. Првично, неколку земји беа на листата, но на крајот само Турција и Бугарија останаа на финалната права, чија предност е членството во Европската унија.
Новата фабрика би требало да има капацитет од 300.000 автомобили годишно.
Планирано е оваа фабрика да има 5.000 вработени, а од нив дури 650 инженери. Новата фабрика ќе произведува класични автомобили, но сигурно ќе биде и организирана продукција на електро возила.
Медиумите во регионот претходно пишуваа дека фабриката ќе биде отворена во Србија, но тоа не се случи. Српскиот претседател, Александар Вучиќ во март беше во седиштето на Фолксваген.