20 Април, 2024
0.0262

НЛБ Банка ги објави најубавите детски цртежи во рамките на НЛБ Месецот на штедење

Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка денеска, во рамките на детскиот ликовен конкурспо повод НЛБ Месецот на штедење,  ги објави победничките цртежи на тема ,,Штедење и истражување на убавините на нашата земја“.  Овој конкурс Банката го организира традиционално по 9-ти пат и како и минатите години и оваа година тој имаше хуманитарен карактер. Банката за секој пристигнат цртеж  донираше парични средства, при што за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје Банката ќе донира износ од 3.000 ЕУР.

Месецот на штедње започна на 25 септември, a во рамките на истиот децата на возраст од 5 до 15 години  имаа можност да цртаат на тема ,,Штедење и истражување на убавините на нашата земја“ и воедно  да ги споделат своите искуства и впечатоци од убавините и културните обележја на Македонија.

„НЛБ Месецот на штедење има посебно место во срцето на нашата Банка. За НЛБ семејството  октомври претставува асоцијација за најубавиот месец во годината бидејќи вообичаено го поминуваме во друштво со нашите дечиња. Оваа година, за жал, тоа задоволство моравме да го одложиме и целата интеракција со нив се одвиваше преку дигиталните канали и тоа заедно со јунаците од популарната ТВ серија „Дајте музика“ кои годинава ни се придружија во цртањето. Ликовниот конкурс секоја година на најмалите им овозможува не само да ги покажат нивните цртачки вештини туку и да научат нешто ново, а оваа година ги истражувавме убавините и богатствата на нашата земја. “, изјавија од Банката.

Конкурсот за цртање траеше еден месец, односно од 25 септември до 25 октомври. Тој беше отворен за сите деца на возраст од 5 до 15 години и имаше награден карактер, при што се наградени вкупно 30 деца. Дваесет од нив се избрани од страна на стручната жири комисија составена од наши реномирани уметници: Микица Трујкановиќ, Сергеј Андреевски и Филип Фидановски, а остантите десет се избрани од пошироката јавност преку гласање на веб страницата на Банката. Сите добитници од овој конкурс добија штедна книшка од НЛБ Банка со штеден влог од 3.000 денари.

Победничките детски цртежи и сите цртежи собрани во рамките на НЛБ Месецот на штедење може да се видат на online галеријата на линкот: www.stedenje.nlb.mk

комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга