26 Септември, 2021
0.0249

НЛБ Банка и Visa со многу изненадувања по повод Олимписките игри

Објавено во: Мои пари 23 Јули, 2021

По повод отпочнувањето на Олимписките игри 2020, НЛБ Банка заедно со Visaзапочнуваат возбудлива промотивна кампања полна со подароци и изненадувања која ќе трае во период од 23.07.2021 до 23.08.2021. Visaе официјален спонзор на Олимписките игри 2020 кои минатата година беа одложени и истите ќе се одвиваат во Токио во периодот од 23.07.2021 до 08.08.2021 година.

Во рамките на кампањата сите НЛБ Visa кредитни картички (Visa Classic, Visa Gold) ќе се издаваат без членарина за првата година, пришто за секоја апликација примена во промотивниот период следува специјален промотивен подарок. Дополнително за сите клиенти кои ќе аплицираат онлајн, преку веб страницата на Банката, следува подарок ранец, а картичката за која аплицирале заедно со подарокот ќе биде доставена на нивната домашна адреса.

Исто така, за време на кампањата, ќе бидат организирани различни промотивни активности: специјални промоции во поголемите експозитури на Банката каде клиентите ги очекуваат многу изненадувања, како и повеќе предизвици организирани преку социјалните мрежи со многу подароци.  За да бидат постојано во тек со сите случувања и изненадувања, Банката ги повикува своите корисници да ги заследат на нивните официјални профили на социјалните мрежи и да се вклучат во специјалните НЛБ Visa активности по повод одржувањето на Олимписките игри.

Со НЛБ Visa кредитните картички купувате веднаш, а зависно од Вашите можности можете да плаќате 5% или 10% месечно од износот на направената трансакција. НЛБ Visa картичките може да се користат во земјата и во странство, за плаќање на продажни места и подигнување готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на Visa.

Повеќе информации за промотивната понуда на НЛБ Банка и Visa, клиентите можат да добијат на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на контакт центарот на телефон: 02/15 600.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

НИКОБ ЛАБ со нова мобилна локација – Бибај Групација

НИКОБ ЛАБ со нова мобилна локација – Бибај Групација

Започнува соработката со германскиот консултант ДЕКОН за подобрување на оперативните и финансиските перформанси на ЈП Водовод и канализација - Скопје

Започнува соработката со германскиот консултант ДЕКОН за подобрување на оперативните и финансиските перформанси на ЈП Водовод и канализација - Скопје

Кога мислиш дека не можеш сам, тимски можеш секако - Штафетен маратон – ЕУ за спорт

Кога мислиш дека не можеш сам, тимски можеш секако - Штафетен маратон – ЕУ за спорт

Два МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТА – преку три милиони денари!

Два МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТА – преку три милиони денари!

А1 Македонија го постави “СМАРТ езеро Младост – прва иновативна туристичка атракција” во општина Велес

А1 Македонија го постави “СМАРТ езеро Младост – прва иновативна туристичка атракција” во општина Велес

Спој на уметност и технологија: Уживајте во портретот на „Мона Лиза“ на паметниот телевизор Samsung The Frame

Спој на уметност и технологија: Уживајте во портретот на „Мона Лиза“ на паметниот телевизор Samsung The Frame

ИТ компанијата „Скеил Фокус“ ја прошири својата канцеларија и во Битола

ИТ компанијата „Скеил Фокус“ ја прошири својата канцеларија и во Битола

Наскоро: GoGlobal - Виртуелни сесии за маркетинг стратегии наменети за перформанс огласувачи

Наскоро: GoGlobal - Виртуелни сесии за маркетинг стратегии наменети за перформанс огласувачи

Винарија Камник со 4 златни медали на Меѓународниот вински предизвик, AWC Виена 2021

Винарија Камник со 4 златни медали на Меѓународниот вински предизвик, AWC Виена 2021