19 Април, 2024
0.0261

НЛБ Банка ќе исплати дивиденда во висина од 24,8 милиони евра

Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

На Собранието на акционери на НЛБ Банка одржано на 19.11.2021 година беа усвоени: одлуката за употреба на акумулирана добивка на Банката од 2019 и 2020 година, како и одлуката за распределба на дивиденда и утврдување на дивиденден календар.

НЛБ Банка, од остварените добивки за 2019 и 2020 година кои се во вкупен износ од 57,8 милиони евра, со одлука на акционерите во 2020 и 2021 година, задржа нераспределен профит во вкупна вредност од 43,8 милиони евра.

На ова Собрание акционерите одлучија, за докапитализација на Банката, задржување на 19 милиони евра од нераспределената добивка од 2019 и 2020 година, со цел исполнување на дополнителното капитално барање и поддршка на амбициозните планови на Банката за раст и развој во клучните сегменти од работењето.Останатиот дел во износ од 24,8 милиони евра, согласно изгласаната одлука на Собранието на акционери, ќе се распредели за исплата за дивиденда. Бруто износот на дивиденда по акција изнесува 29,06 евра, односно 1.787 денари.

Исплатата на дивиденда ќе започне 30-от ден од одржувањето на Собранието на акционери. Последен датум на тргување со право на дивиденда е 1.12.2021 година, додека прв датум на тргување без право на дивиденда е 2.12.2021 година.

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда е 3.12.2021 година, потврдено со Изводот на акционерската книга на Централен депозитар на хартии од вредност.

НЛБ Банка и оваа година остварува одлични резултати и заклучно со 30.09.2021 година нето-добивката изнесува 27,5 милиони евра и годишен пораст од 33,5%.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ