20 Април, 2024
0.0272

НЛБ Банка со добивка од 23,7 милиони евра

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Одржување на пазарната позиција со нето приходи од камати, раст на нето приходите од надоместоци и провизии, намалена добивка заради пад на останати приходи, пониски трошоци за резервации од лани и фокусирање на вложувањата во хартии од вредност, се клучните параметри во работењето на НЛБ Банка за првите девет месеци годинава

НЛБ Банка оствари добивка од 23,7 милиони евра заклучно со септември годинава, покажуваат официјалните податоци објавени на веб страницата на Македонската берза. Банката во првите девет месеци успеала да ја одржи својата пазарна позиција со тоа што нето приходите од камати се на исто ниво како и лани,а зголемени се нето приходите од провизии и надоместоци за 4 отсто.

Во споредба со големиот конкурент „Комерцијална банка“ НЛБ Банка е за нијанса поуспешна во првите девет месеци годинава.

Во однос на истиот период лани оваа голема деловна банка бележи намалување на добивката за 6,5 милиони евра и тоа во најголема мерка се должи на намалените останати приходи кои лани биле шест пати повисоки од годинава и изнесувале околу 9,5 милиони евра. Сега се 1,6 милиони евра.

Најголемиот генератор на приходи се каматите. Нето приходите од камати за првите девет месеци изнесуваат 36,1 милиони евра и се минимално зголемени во споредба со лани во услови на намалување на каматните стапки. Нето приходите од провизии и надоместоци банката успеала да ги зголеми во споредба со истиот период лани. Тие изнесуваат 13,2 милиони евра и се за 4 отсто повисоки во споредба со лани.

Значајно за истакнување е тоа што на расходната страна банката има ниски трошоци за резервации и за загуба заради оштетување нефинансиски средства. Резервациите за првите девет месеци изнесуваат 3,2 милиони евра и се за 1,2 милиони евра пониски од истио период лани. Загубата поради оштетување нефинансиски средства изнесува само 72.500 евра.

Од билансот на состојба има очигледна промена кај вложувањата во хартии од вредност наспрема статус кво состојбата кај кредитирањето. За првите девет месеци портфолиото на банката во хартии од вредност вреди 181,7 милиони евра и е за 52,2 милиони евра повеќе во споредба со крајот на 2018 година. Состојбата кај кредитите бележи микро намалување од 5 милиони евра во споредба со крајот на ланската година и изнесува 831,4 милиони евра. Депозитите на другите коминтенти се зголемени за 40 милиони евра за девет месеци и тие изнесуваат 1,12 милијарди евра на крајот на септември годинава.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите