29 Март, 2024
0.0247

НЛБ БАНКА СО НОВИ КРЕДИТНИ ПРОДУКТИ ЗА ПОДДРШКА НА КОНКУРЕНТНОСТА И ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ

Објавено во: Мои пари 23 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) минатата недела потпишаа договор за финансиски пакет кој е составен од  две кредитни линии во вкупна вредност од 8 милиони евра. Овие нови кредитни линии се дел од Програмата за поддршка на конкурентноста и Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF) и се наменети за правни и физички лица со цел да им обезбедат соодветната поддршка  за инвестиции за енергетската ефикасност и подобрување на конкурентноста.

Во рамки на кредитната линија за енергетска ефикасност која е наменета за физички лица, НЛБ Банка воведе два кредитни продукти за поддршка на инвестициите во зелени технологии и тоа: ЕнергоПотрошувачки кредит за енергетска ефикасност, на износ до 25.000 еур и Енерго Хипотекарен кредит за енергетска ефикасност, на износ до 50.000 еур.

Овие кредитни продукти се наменети за  инвестицииво изведба или реновирање на куќа или стан, а со цел постигнување енергетска ефикасност и намалување на трошоците за електрична енергија.  Со овие кредитни продукти можат да се финансираат: енергетски ефикасни прозории врати, топлинска изолација на надворешни ѕидови, под или кров, топлински пумпи, котли на биомаса или гас, фотоволтаични системи и слично.

Преку кредитната линија за правни лица Конкурентност +, НЛБ Банка овозможува поддршка на конкурентноста на микро, малите и средни претпријатија (според ЕУ дефиниција). Инвестициите може да бидат исто така со сферата на енергетската ефикасност, но освен тоа подобни се и инвестиции во индустриски објекти кои ќе овозможат подобрување на производствените капацитети (опрема, софтвер), зајакнување на процесите и квалитетот на производите како и подобрување на конкурентноста и усогласеноста со техничките стандарди во согласност со ЕУ законодавството.

Како дополнителна придобивка на новите кредитни продукти е повратот на средства по успешно реализираните инвестиции, и тоа до 20% за физички лица и 15% за правните лица. Покрај ова правните лица ќе имаат можност и за консултантски услуги преку тим од локални и меѓународни експерти ангажирани од ЕБОР кои ќе овозможат бесплатно техничко советување, како и техничка помош во областа на одобрување и верификација на проектите.

Програмата за поддршка на конкурентноста е поддржна од ЕУ, додека Програмата за финанирање на зелена eкономија (GEFF) е поддржана од ЕУ, Австрија и Инвестициската програма за Западен Балкан.

Сите дополнителни информации во врска со овие кредитни продукти клиентите можат да ги добијат на веб страницата на Банката, на телефон 02/15600 или во најблиската експозитура.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија