19 Април, 2024
0.0289

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица до 31.08.2020 година. Во рамки на кампањата сите кредити се нудат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.

Почнувајќи од 01.07.2020 година Банката ги намали варијабилните каматни стапки на станбените кредити со ЕУР клаузула. Клиентите можат да аплицираат за НЛБ Станбените кредити со фиксна каматна стапка почнувајќи од 3% и варијабилна каматна стапка за остатокот од периодот која е намалена и сега изнесува 4% (4 процентни поени + 6 месечен ЕУРИБОР).

Воедно, по повод 35 годишниот јубилеј на Банката, НЛБ Станбениот кредит е со рок на отплата до 35 години, а НЛБ Потрошувачкиот кредит е со фиксна каматна стапка за првите 35 месеци. Со подолгиот период на фиксност на каматната стапка кај потрошувачките и станбените кредити, на клиентите им се овозможува подолгорочно планирање на семејниот буџет, како и стабилност на месечните трошоци за кредити. Дополнително, со подолгиот период на отплата до 35 години кај станбениот кредит, клиентите имаат можност да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање.

Сo промотивната понуда и поповолните услови НЛБ Банка сака да им излезе во пресрет на своите клиенти, да застане како нивен сигурен и доверлив партнер и да ги охрабри во донесувањето на некои од најзначајните животни одлуки, а тоа е купувањето на свој сопствен дом, решавањето на потребата од дополнителни финансиски средства, реновирање итн.

Повеќе информации за кредитите клиентите може да добијат на веб страницата www.nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката,  на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура на Банката.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година