16 Април, 2024
0.0262

НЛБ Банка воведе бесконтактно плаќање со мобилен на сите продажни места

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка ја промовираше новата услуга, NLB Pay, мобилен паричник која овозможува бесконтактно плаќање на продажните места преку мобилен телефон.

NLB Pay е уште една современа дигитална услуга на Банката, која е лесна за користење, безбедна и овозможува брзи и едноставни плаќања. Со воведувањето на оваа услуга, НЛБ Банка продолжува да ги следи светските трендови на поедноставување и приближување на банкарските услуги кон своите клиенти. Мобилните банкарски услуги со својата достапност, едноставност, брзина и безбедност при користењето, на клиентите им овозможуваат заштеда на време и средства, и им даваат можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, седум дена во неделата.

NLB Pay е услуга наменета за физички лица, корисници на Mastercard платежните картички, кои поседуваат мобилен уред со Andorid оперативен систем. NLB Pay мобилниот паричник ги дигитализира Mastercard картичките и со тоа овозможува плаќање на бесконтактни ПОС терминали во земјата и странство. Клиентите можат да ја активираат оваа услуга самостојно, без потреба од посета на експозитура.

NLB Pay паричникот не само што ќе го поедностави плаќањето за физички лица туку ќе придонесе и за побрзо и поедноставно спроведување на наплатата во малопродажба, што сметаме дека е исклучително важно за Retail бизнисите и продажните места генерално.
 
„Со оглед на тоа дека мобилниот телефон е уред кој секогаш го носиме со нас и по навика не го испуштаме од рака, убеден сум дека нашата нова услуга, NLB Pay мобилниот паричник, дополнително ќе ги олесни плаќањата кои ги вршат нашите клиенти. Плаќањата се извршуваат преку мобилниот телефон, без потреба од физичко користење на платежните картички, со што мобилниот телефон се претвора во виртуелен паричник” - рече  Антонио Аргир, претседател на УО на НЛБ Банка АД Скопје.

NLB Pay апликацијата е достапна за преземање од Google Play store. Активирањето на апликацијата, дигитализацијата на картичките и користењето на NLB Pay мобилниот паричник е бесплатно.


Можеби ќе ве интересира

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!