13 Ноември, 2019
0.0194

НЛБ е првата овластена банка преку која ќе можете да тргувате со хартии од вредност на странските пазари

Објавено во: Мои пари 21 Јуни, 2019

НЛБ Банка со задоволство ги известува своите клиенти - физички и правни лица дека после неколку месечни интензивни подготовки за првпат во Македoнија ја овозможува услугата тргување со хартии од вредност на странски пазари. Со овој новитет, клиентите ќе можат да тргуваат со хартии од вредност на сите странски пазари, при што Банката ќе им обезбеди информации за настап на секој поединечен пазар како што се: информации за хартиите од вредност, трошоци за реализација на трансакциите, прием и пренос на налози за тргување и нивна реализација, чување на хартии од вредност-порамнување на реализираните трансакции и понатамошно водење на портфолиото.

„Ни причинува огромно задоволство да ве известиме дека НЛБ Банка АД Скопје ја заокружи првата трансакција на Лондонската берза, со што стануваме првата банка во Македонија која по либерализација на капиталните текови е подготвена да прима налози и да тргува за сметка на своите клиенти на странските пазари. Ова значи дека инвеститорите ќе имаат пристап до повеќе од 40 светски пазари на кои ќе можат слободно да купуваат и продаваат хартии од вредност“, изјави Јасмина Мојсиевска, Директор на Деловниот сектор за финансиски пазари и средства.

Од НЛБ Банка, како што велат, тргувањето ќе се одвива по најповолни услови, а заинтересираните инвеститори ќе имаат пристап до светските берзи. При тоа, клиентите треба да ги имаат предвид и да ја почитуваат законската регулатива во Република Северна Македонија, вклучително и даночните обврски и обврските од законот за девизно работење.

За сите дополнителни информации заинтересираните клиенти можат да се обратат до Службата за услуги со хартии од вредност на телефон 5100 387 и преку електронската пошта broker@nlb.mk.


Можеби ќе ве интересира

Дефектот во Глумово е саниран

Дефектот во Глумово е саниран

Саниран дефектот на ул. Будимпештанска 22Б

Саниран дефектот на ул. Будимпештанска 22Б

Британскиот совет во Северна Македонија објавува воведување на IELTS на компјутер

Британскиот совет во Северна Македонија објавува воведување на IELTS на компјутер

Силк Роуд Банка ја предаде третата донација на Клиниката за детски болести

Силк Роуд Банка ја предаде третата донација на Клиниката за детски болести

„Аџибадем Систина“ со работилница во ФФМ: Грижата за машкото здравје мора да е постојана

„Аџибадем Систина“ со работилница во ФФМ: Грижата за машкото здравје мора да е постојана

Сите во исчекување?! Што е тоа што ни го подготвува Sport Vision?!

Сите во исчекување?! Што е тоа што ни го подготвува Sport Vision?!

4 најчести грешки при избор на деловен простор!

4 најчести грешки при избор на деловен простор!

Предијабетес - глобален клинички приоритет

Предијабетес - глобален клинички приоритет

Утринава без вода овие скопски улици

Утринава без вода овие скопски улици