19 Април, 2024
0.0249

НЛБ Фонд Љубљана: Македонската берза ретка позитивна приказна во 2018-та во светот

Објавено во: Финансии 08 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Матеј Мази, управниот директор на НЛБ, го пофали големиот раст на индексот на тргувани акции на македонската берза како ретка позитивна приказна во глобални рамки кога станува збор за пазарот на хартии од вредност. Инвеститорите генерално се поставиле песимистички на многу берзи, но од регионот на македонската се враќа оптимизмот, пишува Мази во својата анализа за најтиражниот словенечки весник  „Дневник“.

„Меѓу берзите кои имаат постигнато позитивен напредок, вреди да се спомене Русија, која во 2018 успеа да го запре падот на економскиот раст и, исто така, барем делумно да ја врати довербата на инвеститорите. И словенечки акции се уште се вреднуваат повеќе позитивно отколку европските конкуренти, а резултат на тоа се и остварувањата на натпросечни дивиденди. Причината за високите стапки на раст на македонските акции може да се најде во атрактивните оценки и динамика во преговорите со Грција за името на Македонија“, се вели во анализата на претсавникот на НЛБ Фонд Љубљана.

Во глобални рамки, во последниот квартал во САД се менува расположението на инвеститорите во негативно, поради зголеменото политичко незадоволство. Покрај очекуваниот раст на каматните стапки во САД и во ЕУ, инвеститорите се посветиле повеќе на политичките ризици. Неизвесноста е внесена претежно преку очекувањата за Брегзит, потешкотии во прифаќањето на италијанскиот буџет и влијанието на трговски војни, кои сите имаат значително негативно влијание врз обемот на меѓународната трговија. Индексот на глобалниот капитал со принос од -4,4 отсто е најголем пад од 2008 година, или прв негативен приход по 2011 година.

Меѓу избраните пазари на капитал, турскиот берзански индекс достигна најниска профитабилност. Нерамнотежите во турската економија дополнително придонесоа за одливот на капитал од Турција. Меѓу нив, се споменуваат повеќе од 200 милијарди долари долг на турската нефинансиски друштва во странска валута.

Забележано е и забавување на кинескиот раст, висока задолженост на државните претпријатија и локалните заедници, а помалку слобода за дополнителни владини стимул за економијата се причина за песимистичкиот ефект кај кинески акции. 


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин