24 Април, 2024
0.0318

НЛБ Нов пензиски фонд: Сава Ре го купи друштвото во одлична кондиција

Објавено во: Економија 16 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Приватниот пензиски фонд НЛБ Нов пензиски фонд и официјално добива нови сопственици во словенечката компанија Сава Ре која се проширува на пазарот на пензиско осигурување во Македонија. Од двете компании кои ја финишираат транзицијата посочуваат дека досегашните осигуреници и корисници на НЛБ Нов пензиски фонд нема да почуствуваат никакви разлики, друштвото ќе биде управувано од искусен бренд со меѓународно докажани резултати, а се очекуваат и нови бенефити и подобрени услуги во натамошниот период. Сава Ре во Акционерското друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови НЛБ Нов пензиски фонд вложи 921 евра по акција, а продажбата се изврши преку Македонската берза за хартии од вредност. Во продолжение дознајте повеќе детали околу преземањето и начинот на кој НЛБ Нов пензиски фонд ќе функционира натаму под водство на Сава Ре.

Фактор: Најавениот процес на преземање на 100% од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд од страна на Сава Ре веќе е одобрен и финиширан. Кои се следните чекори во наредниот период кои може да ги очекуваат досегашните корисници и инвеститори на фондот. Дали ќе има одредени технички или процедурални измени?

Со  блок трансакцијата која се изврши на 13.03.2018 година заврши процесот на преносот на сопственоста на акциите на Акционерското друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови НЛБ Нов пензиски фонд Скопје. Купувач на 100% од сопственоста на акциите на Пензиското друштво е Сава Ре дд. Љубљана, Словенија, компанија со четириесет годишно искуство во осигурителната и реосигурителната индустрија која поседува седум друштва за осигурување и пензиско друштво, што ја прави една од поголемите групации во осигурителниот сектор во Југоисточна Европа.

Продажбата на Пензиското друштво е високо регулиран процес. Трансакцијата е склучена по добиената претходна согласност за пренос на акции, од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Сава Ре, ги исполни строгите критериуми пропишани со законската регулатива. Убедени сме дека новиот сопственик, моќната и стабилна Групација Сава, со своето искуство и присуство на повеќе од 100 пазари на осигурување и реосигурување низ целиот свет и финансиска стабилност, дополнително ќе придонесат за натамошниот развој и јакнење на капацитетите на Друштвото, што во крајна линија е во интерес на членовите на пензиските фондови со кои управуваме.

Во следниот период од неколку месеци ќе следат активности кои се вообичаени при промена на сопственик на акционерско друштво, свикување на Собрание, промена на Статут, име, надзорен орган и останато, што исто така ќе се одвива согласно специфичната регулатива во оваа област, односно со отпочнување на постапки за добивање на согласности од страна на Агенцијата.

Позначајна активност, кога за тоа ќе бидат исполнети условите, ќе биде ребрендирањето и претставувањето на новиот бренд во јавноста.

За членството на фондовите со кои управува Друштвото, најважна информација е дека промената во сопственоста на акционерскиот капитал на Друштвото, не значи промена во сопственоста на фондовите. Фондовите беа и се сопственост на членовите и се целосно одделени од имотот на Друштвото, велат од НЛБ Нов пензиски фонд.

Фактор: Какви се вашите очекувања од промената на сопственичката структура на НЛБ Нов пензиски фонд, во какви раце ја предавате компанијата, а од друга страна во каква состојба е сега фондот, односно што ќе затекнат новите сопственици?

Најважно е да се истакне дека со оваа инвестиција Сава Ре станува сопственик на Друштво за управување со пензиски фондови, кое зад себе има скоро тринаесет годишно искуство, е во потполна финансиска и кадровска кондиција, со солидно пазарно учество, со високо поставени стандарди во работењето и со сериозен потенцијал за натамошен развој во основната дејност, управување со пензиски фондови.

Излегувањето од НЛБ Групацијата и влегувањето во Групацијата Сава Ре, во основа има неколку позитивни аспекти. Се отвораат поголеми можности за синергија со оглед на повисокото ниво на компатибилност на осигурителната дејност и дејноста на пензиското осигурување. Истовремено се отвора уште поголем простор за унапредување на соработката на НЛБ Групацијата и Сава РЕ Групацијата на Македонскиот пазар. Во догледно време очекуваме постоечката продажна мрежа да се прошири и од досегашната достапност преку експозитурите на НЛБ Банка да бидеме достапни за нашето членство и потенцијално членство, преку продажната мрежа на Сава Осигурување, се рабира преку агенти кои претходно ќе треба да бидат лиценцирани.

Неколку факти низ бројки за пензиските фондови со кои управува Друштвото. Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд заклучно со 28.02.2018 година има 221.166 члена, а нето средствата на фондот изнесуваат 27.120,94  милиони денари (околу 440 милиони евра). Висината на нето средствата е за околу 17% повисока споредено со истиот период од минатата година. Отворениот доброволен пензиски фонд НЛБ Пензија плус има 9.689 члена, а нето средствата на фондот изнесуваат повеќе од 625 милиони денари (над 10 милиони евра), и висината на нето средствата е за околу 29% повисока, споредено со истиот период од минатата година.

Признание за НЛБ Нов Пензиски Фонд АД Скопје, во 2017 година, беше и високата оценка од страна на угледниот финансиски магазин “Investment & Pensions Europe” и рангирање во најтесниот избор за награди во две категории.

Без скромност можеме да изјавиме дека Сава Ре го купи Друштвото во одлична кондиција, потенцираат од НЛБ НПФ.

Фактор: Од вашето досегашно управување со ова приватно пензиско друштво дали ги остваривте сите зацртани цели, како влијаевте според вас на пазарот на приватното пензиско осигурување и што уште треба да се сработи во иднина, кои ќе бидат најголемите предизвици? 

Пензиското друштво континуирано ги остварува и во повеќе области ги надминува планираните деловни и финансиски цели . Во 2017 година оствари најголема добивка од почетокот на своето работење во износ од 78,3 милиони денари или 1,27 милиони евра и ја заврши годината со капитал од околу 7,3 милиони евра.

Она што зборува за успешноста во управувањето со пензиските фондови се добивките остварени од инвестирањето на средствата на фондовите. Кај Отворен задолжителен пензиски фонд НЛБ Пензиски фонд од почетокот на инвестирањето до 28.02.2018 година, добивката е поголема од 110 милиони евра, додека кај Отворен доброволен пензиски фонд НЛБ Пензија плус од почетокот на инвестирањето до 28.02.2018 остварената добивка е поголема од 1,6 милиони евра. Остварените добивки од инвестирањето целосно им припаѓаат на членовите на пензиските фондови и се соодветно распределени на нивни пензиски сметки.

И во иднина остануваме посветени на основните фундаменти на корпоративното управување, пред се во унапредување на професионалните стандарди, корпоративните вредности, компетенциите во управувањето со инвестициите и ризиците, обезбедувањето на фудуцијарна должност на сите нивоа, дополнително зајакнување на внатрешни контроли и ревизија.

И понатаму ќе ја поддржуваме и поттикнуваме секоја иницијатива на нашите вработени, за стекнување со нови знаења и вештини.

Интересот на членовите на пензиските фондови со кои управуваме и натаму останува наш примарен фокус, заклучуваат од НЛБ Нов пензиски фонд.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата