28 Март, 2024
0.0255

НЛБ сака целосно да го продаде НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

Објавено во: Економија 17 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Нова Љубљанска Банка д.д. Љубљана („НЛБ”) објави дека започнува со барање на инвеститори за откуп на 100% од акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје („НЛБ НПФ“), друштво за управување со пензиски фондови со седиште во Македонија, што управува со два пензиски фонда во Република Македонија (пензиски фонд од задолжителниот втор столб и пензиски фонд од доброволниот трет столб), управувајќи со  средства од околу 370 милиони евра. 

НЛБ поседува 51% од акционерскиот капитал на НЛБ НПФ, а останатите 49% се во сопственост на НЛБ Банка АД Скопје, Република Македонија, фирма ќерка на НЛБ, која што го продава својот удел во акционеркиот капитал на НЛБ НПФ заедно со НЛБ. 

Одделот за корпоративни финансии на НЛБ го координира и го организира процесот на продажба во име на НЛБ и НЛБ Банка АД Скопје.  

Заинтересираните инвеститори за дополнителни информации за учество во процесот на продажба можат да се обратат до Карел Кач (тел. +386 1 476 5228; е-маил novi@nlb.si) или Бране Грегорец (тел. +386 1 476 5104; е-маил: novi@nlb.si) во Одделот за корпоративни финансии на НЛБ. НЛБ (преку Одделот за корпоративни финансии на НЛБ или на друг начин) и НЛБ Банка АД Скопје го задржуваат правото, секој од нив по своја процена, од кој било заинтересиран инвеститор да побараат понатамошни информации за инвеститорот и/или предвиденото финансирање на предложената инвестиција пред вклучување на инвеститорот во процесот на продажба.

Оваа објава е изработена исклучиво со цел да се известат потенцијалните инвеститори за можноста да го искажат својот интерес за процесот на продажба и на никој начин не ги обврзува ниту НЛБ, ниту пак НЛБ Банка АД Скопје да склучат некој вид на договор за продажба или друга трансакција со потенцијалниот инвеститор.  

Оваа објава не претставува, односно не е дел од понуда или повик за продажба или издавање, или пак убедување за купување или впишување на било кои хартии од вредност на НЛБ НПФ или хартии од вредност во било кој друг субјект, а освен тоа оваа објава или било кој дел од неа не смее да биде основа за каква било инвестициска одлука или договор, а во таа насока исто така било каква инвестициска одлука или договор во врска со истата не смее да се потпира на објавата, стои во објавата на НЛБ.

Понатамошни информации за НЛБ НПФ и НЛБ може да се најдат на интернет страницата на НПФ: http://www.nlbnpf.mk и на интернет страницата на НЛБ Групацијата: http://www.nlbgroup.si


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат