22 Јуни, 2025
0.0279

НЛБ СКЛАДИ ОД СЛОВЕНИЈА, ЧЛЕНКА НА НЛБ ГРУПАЦИЈАТА, КУПУВА СРПСКА КОМПАНИЈА ЗА ГРАДСКО ОСВЕТЛУВАЊЕ - ова се деталите за зделката

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2025 08:05

Добивај вести на Viber

Словенечката компанија НЛБ Склади, која припаѓа на групацијата НЛБ, а неодамна стана сопственик на македонската компанија Генерали инвестментс, по што таа се преименуваше во НЛБ Фондови, ќе купува српска компанија, и тоа за градско осветлување и енергетска обнова на згради.

Такво известување стигнало до нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, со оглед што Групацијата НЛБ има сериозен бизнис во земјава, претставен преку НЛБ Банката, една од трите најголеми и најуспешни банки во земјава, потоа НЛБ Лизинг, како и од скоро НЛБ Фондови.

„До Комисијата за заштита на конкуренцијата е доствено известување за концентрација која се однесува на стекнување на контрола од страна на НЛБ Склади – Зелени преход I А, наменска дружба за наложбе, Д.О.О, со седиште во Љубљана, Словенија над друштвото Ресалта Градско осветлување и енергетска обнова на згради Д.О.О. Белград, Србија“, извести вчера Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Односно, како што наведоа оттаму, како учесник во зделката се јавува НЛБ Склади – Зелени преход, наменска дружба за наложбе, д.о.о., која е дел од НЛБ Групата.

„НЛБ Групата во Северна Македонија моментално има три поврзани друштва: НЛБ Банка АД Скопје со приоритетна дејност-друго монетарно посредување, потоа друштвото за лизинг НЛБ ЛЕАСЕ&ГО ДОО Скопје, со приоритетна дејност финансиски лизинг, и друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје, со приоритетна дејност: дејности на управување со фондови“, објаснуваат од КЗК.

Додека, пак, регистрирана дејност на Ресалта градско осветлување и енергетска обнова на згради од Белград е инженерски активности и техничко советување.

Таа компанија, како што објаснуваат од КЗК, нема поврзани субјекти регистрирани во земјава, ниту, пак, има остварено промет во 2024 година на пазарот во Македонија.

„Според подносителот на известувањето, предложената концентрација се однесува на пазарите наобезбедување услуги за енергетска ефикасност во јавни згради во Србија, како и на обезбедување услуги за реконструкција на системот за јавно осветлување во Србија“, велат од КХВ и додаваат дека врз основа на прелиминарното испитување, Комисијата утврдила дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата.

„Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата“, се наведува во објавата од Комисијата.

НЛБ Банка Скопје во 2024 година забележа стабилен раст на активата, кредитите и депозитите, како и раст на добивката. Силен фокус има на дигитализација, корпоративна и зелена политика, како и проширување со нови услуги за управување на активи.

Добивката на крај на 2024 година на НЛБ Банка Скопје изнесува 53,6 милиони евра и е за 2,4 отсто повисока од претходната година. Во првиот квартал од 2025 година, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 11,7 милиони евра, што претставува зголемување за 6,1 отсто во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година. НЛБ Банка Скопје е трета по големина банка во земјава, со удел од 15,6 отсто во вкупните средства и преку 20 отсто на пазарот на кредитите и депозитите.

НЛБ Склади го презеде сопствеништвото над Генерали Инвестменст Скопје веќе од мај 2024 година, и официјално се преименува во НЛБ Фондови, како дел од ребрендирањето, за што се одржа и официјален настан на 14 декември 2024 година.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВРЕДНОСТ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА: „ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија“- изграден автопатот Гевгелија - Богданци

ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВРЕДНОСТ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА: „ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија“- изграден автопатот Гевгелија - Богданци

ИРАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГЛАСА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ: А тој е апсолутно неопходен за светската трговија со нафта

ИРАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГЛАСА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ: А тој е апсолутно неопходен за светската трговија со нафта

ГЛОБАЛНИТЕ АКЦИИ ПАЃААТ ПОРАДИ ЕСКАЛАЦИЈАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Инвеститорите стравуваат од поширока криза

ГЛОБАЛНИТЕ АКЦИИ ПАЃААТ ПОРАДИ ЕСКАЛАЦИЈАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Инвеститорите стравуваат од поширока криза

ЗБОГУМ НА ЛЕГЕНДАТА: Последните 55 единици пристигнаа во Европа – го нарекуваат „модел за збогум“

ЗБОГУМ НА ЛЕГЕНДАТА: Последните 55 единици пристигнаа во Европа – го нарекуваат „модел за збогум“

ТРИПУНОВСКИ ЌЕ ГИ ВРАЌА МЛАДИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО: Вели дека имаат сет мерки за тоа

ТРИПУНОВСКИ ЌЕ ГИ ВРАЌА МЛАДИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО: Вели дека имаат сет мерки за тоа

ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАНКАРСКИ БИЗНИСМЕНИ: Тој го создаде FedEx и заработи милијарди

ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАНКАРСКИ БИЗНИСМЕНИ: Тој го создаде FedEx и заработи милијарди

ДО СРЕДИНА НА ЈУЛИ ПРИСТИГНУВААТ 120 АВТОБУСИ: Ќе стигнат со станици за полнење

ДО СРЕДИНА НА ЈУЛИ ПРИСТИГНУВААТ 120 АВТОБУСИ: Ќе стигнат со станици за полнење

ДОМИНАНТНИОТ ГЛОБАЛЕН СОПСТВЕНИК ПОСЕДУВА ПОВЕЌЕ ОД 8.000 ТОНИ ЗЛАТО: Вреди неверојатни 985,6 милијарди долари

ДОМИНАНТНИОТ ГЛОБАЛЕН СОПСТВЕНИК ПОСЕДУВА ПОВЕЌЕ ОД 8.000 ТОНИ ЗЛАТО: Вреди неверојатни 985,6 милијарди долари

АВТОМОБИЛИ ЈА ВОДАТ ГЕРМАНИЈА ОД КРИЗА? Нарачките растат, производството на возила ја извлекува економијата од рецесија

АВТОМОБИЛИ ЈА ВОДАТ ГЕРМАНИЈА ОД КРИЗА? Нарачките растат, производството на возила ја извлекува економијата од рецесија