Нокиа е во големи проблеми: Обвинувања за продажба на лични податоци на голема сила
Објавено во: Економија 22 Март, 2019
Нокиа е во центарот на скандал а властите во Финска објавија дека водат истрага против таа компанија поради можен неовластен пренос на лични податоци од корисниците во Кина.
Мобилните телефони на Нокиа како што се наведува се произведуваат под лиценца на финската компанија HMD Global, која соопшти дека никакви податоци не се споделени со трета страна, иако го признала постоењето на софтверска грешка кај една серија на телефон, која меѓутоа е поправена, пренесе Ројтерс.
Финскиот омбудсман за заштита на личните податоци Реијо Арниоа за британската агенција рекол дека ќе истражи дали имало прекршоци поврзани за загрозување на личните податоци и дали постои законско оправдување за тоа.
Норвешкиот јавен сервис НРК известил за еден слуај на кршење на правата за заштита на личните податоци на моделот „Нокиа 7 плус“ кој го произвел ХМД. Таа компанија, како што се наведува, признала дека извесен број од тие модели им пратил податоци на кинески сервер.