НОЌЕСКА ИМ НОСЕА ДРВА ЗА ГРЕЕЊЕ: Србите останаа кај премините Јариње и Брњак
Објавено во: Балкан 23 Септември, 2021
Србите останаа на барикадите на границата со Косово.
Тие се распоредени кај премините Јариње и Брњак, каде се и силите на Специјалната единица РОСУ. На административните премини Брњак, Јариње и Мердаре ситуацијата е мирна, но напната. Граѓаните незадоволни од одлуката на Приштина за замена на регистарските таблички со привремени и понатаму протестираат, а ноќеска, бидејќи останаа на местото, им носеа дрва за греење. Европската унија синоќа повика на итна деескалација на состојбата и порача да се избегнат сите еднострани акции затоа што тие се директно против интересите на граѓаните во регионот.
Русија побара Приштина веднаш да ја повлече полицијата од северот на Косово.