19 Април, 2024
0.0297

НОРВЕШКИ НАУЧНИК: Поверојатно е згрутчувањето на крвта да е поврзано со вакцината на АстраЗенека, отколку да не е

Објавено во: Свет 17 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Пал Андре Холм, професор и лекар на Универзитетот во Осло, специјализиран за нарушувања во крварењето, смета дека „постои поголема веројатност да има поврзаност помеѓу вакцината АстраЗенека и случаи на згрутчување на крвта, отколку да нема“.

„Јас претпазливо ќе кажам дека има врска, но разумно е да се верува дека постои врска помеѓу фактот дека пациентите неодамна биле вакцинирани и дека последователно добиле несакани ефекти кои се многу ретки“, изјави Холм за НРК, а пренесува Индекс.хр.

Норвешка во вторникот ја прекина вакцинацијата АстраЗенека на 14 дена, поради неколку пријавени случаи на згрутчување на крвта по вакцинацијата. Една жена на возраст од околу триесет години почина во северна Норвешка по крварење во мозокот. Тоа се случи десет дена откако беше вакцинирана.

Исто така, тројца помлади здравствени работници беа хоспитализирани откако беа вакцинирани, по што имаа тромбови, а следниот ден еден од нив почина.

„Се чини дека имунолошкиот одговор на вакцината го создава згрутчувањето“, вели овој професор.

"Имунолошкиот одговор на вакцината се чини дека се манифестира со активирање на тромбови и намалување на тромбоцитите. Ние знаеме за слични состојби предизвикани од некои лекови", вели Холм.

„Пост-вакцинацискиот имунолошки одговор, кој, меѓу другото, предизвикува формирање на антитела, може вкрстено да реагира со површински протеини на тромбоцитите и да го активира системот за згрутчување на крвта, така да добиете тромб“, додава тој.

„Антителата исто така можат да се таложат на тромбоцитите со отстранување од циркулацијата, а со тоа да се создадат пониски тромбоцити во крвта“, заклучува тој.

Норвешката агенција за лекови сè уште ги испитува овие случаи. Вакцината АстраЗенека сè уште не е поврзана со згрутчување на крвта, но тоа уште не е ни побиено.

Истрагата ја спроведува и Европската агенција за лекови (ЕМА), која ќе ги објави резултатите од истражувањето во четврток.

Во земјава уште не се стигнати вакцините.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените