Носи „билдерско“ име: Кој е „најнепознатиот“ советник на Стево Пендаровски?
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2019
Го носи името и презимето на најпознатиот македонски бодибилдер Тоше Зафиров па за момент кога кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска ги објави имињата на советниците многумина се збунија за кого станува збор.
Покрај имињата на Александар Димитров, Беса Арифи, Денко Малевски, Мирјана Лазарова-Трајковска, Гоце Карајанов, Билјана Радева, Блерим Кољали, Билјана Мицевска и Катерина Цаневска, се најде и името на Тоше Зафиров.
Станува збор за активист кој доаѓа од невладиниот граѓански сектор. Досега работел како програмски директор на Прогрес Институтот за социјална демократија. Покрај тоа е и маркетинг консултант и член на Друштвото за македонско-шведско пријателство и соработка. Студирал односи со јавност и политички науки на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.