25 Април, 2024
0.0274

НОВ БИЛАНС ВО ИЖЕВСК, 13 загинати лица, меѓу кои седум деца, напаѓачот бил поранешен ученик

Објавено во: Свет 26 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Според последните податоци, во вооружен напад во училиште во Ижевск, во руската република Удмуртија, загинале девет лица, меѓу кои и ученици, соопшти на Телеграм претседателот на Удмуртија Александар Бречалов.

„Досега се знае дека лицето влегло во училиштето, убило чувар, а веќе се знае дека има жртви меѓу децата и ранети. Сега евакуацијата е завршена. Подоцна ќе ги провериме информациите во Федералната служба за безбедност“, рече тој во видео пораката.

Според Истражниот комитет, убиени се пет ученици, двајца обезбедувачи и двајца професори.

- Напаѓачот се самоуби. Носеше црна маица со нацистички симболи и фантомска јакна. Тој немал никакви документи, во моментов се утврдува неговиот идентитет - додаваат од одделението.

Шефот на Комитетот за информатичка политика на Државната дума, Александар Хистеин, на својот профил на Телеграм напиша дека „според прелиминарните податоци, сторителот бил вооружен со два пиштола со боева муниција“ и дека неговиот идентитет се уште не е утврден.

Би-Би-Си објави дека во нападот во училиште во централна Русија, загинале најмалку 13 лица, а 21 беа повредени, повикувајќи се на информации од руските власти.

Меѓу жртвите има седум деца во училиштето со околу 1.000 ученици во градот Ижевск.

Посочуваат дека вооружениот напаѓач се самоуби на местото на настанот, и дека тој бил поранешен ученик на училиштето.

Руските медиуми објавија видеа на кои се чини дека се гледа паника во зградата каде што се пукало.

На некои снимки се гледа крв на подот од училницата и дупка од куршум во прозорецот, а децата се спуштаат под клупите.

Според руските власти, убиени се седум деца и шест возрасни лица, меѓу кои двајца чувари и двајца учители. Персоналот и учениците се евакуирани од училишните згради.

Медиумите јавуваат и дека е откриен идентитетот на напаѓачот.

– Инспекторите на Рускиот истражен комитет го утврдија идентитетот на напаѓачот на училиштето во Ижевск. Станува збор за Артем Казанцев, роден 1988 година, родум од градот Ижевск, кој завршил во ова училиште... Се проучува личноста на напаѓачот, неговите ставови и околината. Се проверува неговото придржување до неофашистичките ставови и нацистичката идеологија - соопштија властите.

Фактор веќе објави и снимки од децата како се кријат под клупи.

Фото: Принскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек