Нов ценовник на бензините: Никогаш не биле поевтини
Објавено во: Економија, Македонија 06 Април, 2020
Од вечерва од полноќ уште едно ново намалување на бензините. Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, бензините се намалуваат за 0,50 дени, па така, 1 литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 48.00 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се точи по 50,00 денари за литар.
Поголемо намалување има на цената за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), која се намалува за 1,00 денар по литар, па согласно ова дизелот ќе се точи по 45.00 денари за литар.