Нов ценовник на горивата: Поевтинува еден тип бензин
Објавено во: Економија 17 Мај, 2021
Поветинува бензинот еуросупер од 95 октани, а цената на еуросуперот 98 и на дизелот остануваат исти. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар за литар, а малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти
Според одлуката на Комисијата, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС пак се намалува за 0,647 денари за килограм и од полноќ ќе изнесува 34,596 денари за килограм.
По полноќ литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по 68 денари, а ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе чини 70 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 60 денари за литар, Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 59,5 денари.
Како причини за ваквата одлука на малопродажните цени на горивата од РКЕ го наведуваат тоа што во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 0,82 проценти, кај дизелот има зголемување за 1,048 проценти и кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,35 проценти, додека кај мазутот има намалување за 1,856 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,522 проценти.