НОВ ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА НЛБ БАНКА: Андреја Стражишар доби мандат од 4 години
Објавено во: Економија 28 Јули, 2021
НЛБ Банка преку соопштение на
Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување
односно Надзорниот одбор на Банката.
„Ве известуваме дека од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност Г-ѓа Андреја Стражишар да биде именувана за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат од 4 (четири) години почнувајќи од 30.08.2021.
Воедно, Ве известуваме дека од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија се издадени и Решенија со кои се издава претходна согласност на Г-дин Блаж Бродњак, Г-дин Борут Вујчич и Г-ѓа Кристина Ковачич Бјелајац да бидат повторно именувани за членови на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје со нов мандат од 4 (четири) години.”, – се вели во соопштението на Банката.
Надзорниот одбор на НЛБ Банката во моментов го сочинуваат:
Блаж Бродњак – Претседател на Надзорен одбор
Марјета Звер Цанкар – Заменик претседател на Надзорен одбор
Борут Вујчич – Член на Надзорен одбор
Кристина Ковачич Бјелајац – член на Надзорен одбор
Зоран Јовановски – Независен член на Надзорен одбор
Матеја Тревен – Независен член на Надзорен одбор
Андреја Стражишар – Член на Надзорен одбор