НОВ ЕКО ДАНОК ВО ФРАНЦИЈА: Засегнати се авиокомпаниите
Објавено во: Свет 10 Јули, 2019
Министерката
за транспорт на Франција, Елизабет Борн сооптши дека земјата ќе воведе Еко
данок за сите летови од Франција.
Министерката најави дека е планирано данокот да се вовоедува постепено, пренесуваат медиумите од регионот.
На одлуката за воведување еко данок се огласи и француската компанија „Ер Франс“. Според нив, овој данок компанијата ќе има дополнителен трошок од над 60 милиони евра годишно.
Француската влада пресметала дека по овој основ во буџетот би се слеале околу 180 милиони евр од наредната 2020 година.