Добивај вести на Viber
Само за да го дополнат куќниот буџет неколку Новосаѓани не се поштедија самите себе да се повредат , да паднат во шахта или да испровоцираат улично куче само за да наплатат оштета од градот.
Во Новосадската населба Клиса , три членови од иста фамилија паднаа во шахта и за краток период „заработија‘‘ 300.000 динари.
Поточно, во шахтата прво паднала нивната малолетна ќерка, а потоа во истата и нејзиниот малолетен брат. На крајот истата незгода и се случила и на нивната баба со која што живеат на иста адреса.Сите тројца го тужеа градот и го добија судскиот спор како и оштета од 300.000 динари.
Нивните тужби се само три од вкупно 226, кои што моментално се водат против Јавното Комунално Претпријатие „Водовод и канализација‘‘ во Нови Сад пренесува „24 Часа‘‘