Нов инцидент со Стевчо Јакимовски
Објавено во: Македонија 22 Март, 2018
Опозиционерот и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски, е еден од македонските политичари кој досега се нашол во најмногу тензични ситуации, а потврден е и нов инцидент кој вчера се случил во населбата Карпош кај трговскиот центар Лептокарија.
Наводно Јакимовски бил најпрво испровоциран и потоа вербално нападнат од лица за кои вели дека се членови на СДСМ. Тие започнале расправија со него за познати скопски локали на територија на општина Карпош за кои сметале дека екс градоначалникот сакал да ги уништи иако тој тврдел дека постојано пристигнувале пријави од страна на граѓани, пренесува Република.
Потоа лицата тргнале да го нападнат, но пријателите кои биле заедно со Јакимовски спречиле да дојде до посериозен инцидент. Посчените лица пак, тврдат дека расправијата била само вербална и тоа по претходна провокација токму од Јакимовски.
Поранешниот градоначалник на Карпош вели дека по изборите ова е вкупно трет обид да биде или испровоциран, навреден или нападнат од членови на СДСМ.