19 Април, 2024
0.0301

НОВ КЛАСТЕР ВО СКОПЈЕ: Шест штитеници од Геријатрија позитивни на ковид се хоспитализирани

Објавено во: Македонија 07 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Нов кластер на КОВИД-19 во Скопје е геријатриската установа во Ѓорче Петров, каде има 17 позитивни на коронавирусот, од кои тројца се од вработените, а останатите 14 се штитеници на домот за стари лица.

Како што дознава Фактор, шест од нив се еќе хоспитализирани, и тоа тројца во КОВИД Центарот 2, односно Козле, а другите тројца на Клиниката за инфективни болести. 

„Станува збор за многу возрасни пациенти, кои, дури и самите не можеле да кажат дали и какви симптоми имаат и дали треба да им се мери температура. Останатите позитивни во геријатриската установа‚ Ѓорче Петров' веќе се префрлени на еден оддел кој што е изолиран, а во меѓувреме се земени и брисеви за анализи за Ковид на останатите, односно и на вработените, и на другите штитеници. Овие денови се чекаат резултати“, вели упатен извор за Фактор. 

Според нашиот соговорник, геријатриските установи се многу критички точки во земјава, и иако велат дека се под строга контрола, никој не може да биде целосно сигурен за контактите на вработените, и дали во даден момент тие не би можеле да ја пренесат заразата.

„Во геријатриската установа Ѓорче Петров има 165 штитеници, за кои се грижат 18 доктори и повеќе од 30 медицински сестри, но, кога станува збор за КОВИД-19, Министерството за здравство наложи да им биде ставен на располагање и лекар од Инфективната клиника, и тоа за консултации, совети и слично“, вели нашиот соговорник.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време