НОВ КРИПТО СКАНДАЛ, ВЛАДИНИ ФУНКЦИОНЕРИ ГУБАТ ЦЕЛИ ЗАШТЕДИ: Инвестирале во апликацијата „iEarn Bot“

Објавено во: Економија 19 Март, 2023
Илјадници
луѓе ги загубиле заштедите откако инвестирале во апликација за тргување со
криптовалути наречена „iEarn Bot“, а експертите кои ја истражувале компанијата
велат дека случајот може да биде еден од најголемите крипто скандали до сега.
Тргувањето со криптовалути стана популарно затоа што на луѓето често им се ветуваат големи профити за краткорочни инвестиции, но агенциите за спроведување на законот предупредуваат на се поголем број измами и им препорачуваат на инвеститорите да бидат претпазливи, се наведува во извештајот на Би-Би-Си.
Во Романија, десетици личности од висок профил, вклучително и владини функционери и академици, беа убедени да инвестираат преку апликацијата бидејќи беше спонзорирана од Габриел Гараис, водечки ИТ експерт во земјата, но Гараис тврди дека и тој бил измамен да ги инвестира своите заштеди во апликацијата по што ги изгубил парите. Човекот именуван од страна на веб-страницата iEarn Bot како основач на компанијата, изјави за британскиот јавен сервис дека никогаш не слушнал за компанијата и потврди дека поднел пријава во полиција.
Технолошкиот институт во Масачусетс, заедно со компаниите како Huawei и Qualcomm, се именувани како „стратешки партнери“ на iEarn Bot, но и тие тврдат дека немаат познавање за компанијата и не работат со неа.
Компанијата „iEarn Bot“ нема објавено никакви информации за контакт на својата веб-страница.
Можеби ќе ве интересира
Бехтел и Енка на 4 април започнуват со изградба на автопатите, најавен спектакл

Владата му порача на ЕСМ да го продолжи договорот со топланите на Адора

Што се случува во Црна Гора каде стотици хотели се продаваат?

Бектеши: Не разговарам со Сојузот на стопански комори

Јајцата и оризот се замрзнуваат на цените од 15 март

БАНКАРСКИ БРАК ПОД ПРИСИЛА: Зошто швајцарскиот план за спас на „Кредит Свис“ повторно ги зацрвене берзите

Ако сигурната Швајцарија не може да ги спаси своите банки, тогаш кој може?

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЈАНУАРИ СКОРО 34 ИЛЈАДИ - еве каде има раст на платите

Битиќи: Во 2023 ќе ја преполовиме инфлацијата, 2024 е година на закрепнување на економијата
