НОВ НАЧИН НА РАБОТА: Уште 3000 продавници ќе работат без персонал

Објавено во: Финансии 22 Септември, 2018
Компанијата ,,Амазон” воведува нов начин на работа со тоа што ќе отвори 3 000 нови продавници без благајни до 2021 година.
Тие би имале формат на минимаркет и ќе нудат свежо подготвена храна и други продукти како во 7/11. Друга можност би била да се отворат маркети од типот на продавници за откуп. Првата продавница без благајна е отворена во 2016 година во Сиетл.
Во истата година се отворени уште две во истиот град и една продавница од ваков тип во Чикаго. Купувачите влегуваат во продавниците со апликација на мобилен откако ќе извршат скенирање. Сметката се наплаќа преку апликацијата.
Системот е заснован на технологија за компјутерска визија, повеќе сензори и камери.
Можеби ќе ве интересира
Умни совети за штедење на пари од млади пензионери

Странска банка ќе ги финансира новите патарини во Македонија, ќе трошат помалку струја

БАРААТ СЕЗОНЦИ: Дневно може да се заработат до 150 евра

ДАВААТ ПО 2.100 ЕВРА: Бараат бравари, молери, заварувачи
