НОВ НАПАД: Испалени ракети во база каде имало американски војници
Објавено во: Свет 13 Февруари, 2020
Ракетен напад имало на ирачката воена база во Киркук, во која се сместени американси војници, јавува АФП, повикувајќи се на безбедносни извори од Ирак и САД.
Засега нема податоци за тоа дали некој загинал или е ранет во нападот, објави Спутник.
Не е познато кој ги испалил ракетите кон базата.
Претходно имаше напади на американски бази на Блискиот Исток.