25 Април, 2024
0.0291

НОВ ОБИД ЗА ИЗБОР - членовите на Програмскиот совет на МРТ и на Советот на АВМУ ќе се бираат со само 61 глас

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Власта планира да го забрза изборот на нови членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Програмскиот совет на јавниот сервис, со тоа што законски ќе го измени потребното мнозинство за тоа во Собранието.

Поточно, наместо како што сега стои во Законот за АВМУ, дека за избор на членовите на овие два совета е потребно двотретинско мнозинство или најмалку 80 пратенички гласа во парламентот, сега се предлага изборот да може да се направи со 61 глас.

Ова е суштината на законскиот предлог, односно на измените и дополнувањата на Законот за АВМУ, кој се бара да се донесе по скратена постапка. Ваквите предлог законски измени се поднесени од група пратеници од парламентарното мнозинство.

Причината за ваквиот предлог е фактот што изборот на членовите на Советот на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТ заглави повеќе од година и половина кај Собраниската комисија за избори и именувања, пред се поради тоа што власта и опозицијата не можеа да се усогласат како да се направи тој избор. Односно, онака како што сега бара законот, за избор на советници се потребни и гласовите на опозицијата.

Очигледно, во целиот овој изминат период двете страни не можеа да се договорат околу тоа кои ќе бидат новите имиња на идните советници, па процесот беше закочен. Според одредени шпекулации што кружеа во јавноста, и покрај тоа што во законот е наведено дека членови на советите треба да бидат експерти и добри познавачи од светот на медиумите и медиумскиот бизнис, опозицијата барала одреден број од членовите да бидат луѓе кои се блиски до нивните политички ставови, што, пак, за власта не било прифатлово. 

Инаку, на чело на собраниската комисија за изборите и именувањата во претходниот пратенички состав беше пратеник од опозицијата, кој не го ставаше ова прашање на дневен ред, со образложение дека за такво нешто е потребна претходна согласност и од власта и од опозицијата.

Конкурсот за избор на новите членови на советите беше прекинат, бидејќи, како што образложи новиот претседател на Комисијата за избори и именувања, Коста Костадинов од СДСМ, со крајот на мандатот на поранешните пратеници, завршуваат и сите постапки што ги почнал претходниот пратенички состав.  

Пратениците кои ги предлагаат новите законски измени со кои со само 61 пратеник ќе се бираат членовите на советите во своето образложение зошто се потребни такви измени навеле дека со сегашниот закон  се определува дека членовите на Програмскиот совет на јавниот радиодифузен сервис и членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се избираат со двотретинско мнозинство на гласови од вкупниот број пратеници. А, според нив, поради политичка позадина до таков избор не дошло.

„Имајќи предвид дека изборот на членови на овие две тела требаше да се случи во 2019 година, но никогаш не се заврши постапката за избор на нови членови, голема е веројатноста Јавниот радиодифузен сервис и АВМУ да останат без органите кои се неопходни за тековното функционирање на овие две институции, заради состојби со политичка позадина. Овие состојби не смеат да влијаат врз изборот на членови на Програмскиот совет и членовите на Советот на АВМУ“, се вели во образложението.

Предлагачите навеле и дека поради ова, имплементацијата на законот донесен уште на крајот на 2018 година, се уште е блокирана. А, намерата е овој процес да биде одблокиран.

Засега нема информации како опозицијата ќе реагира на ваквиот предлог од владејачкото мнозинство. Дали со аргументи од говорница или, пак, со евентуална блокада на предлогот со илјадници амандмани.

Инаку, изборот на нови раководни органи во регулаторното медиумско тело и јавниот сервис, постојано беше потенциран од владејчката коалиција како еден од примарните чекори за менување на медиумската слика во државата. А, беше наведен и како итен медиумски приоритет во извештаите на меѓународната група експерти предводени од Рајнхард Прибе.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг