НОВ ПРОТЕСТ ЗА ИМЕТО: Иванов да не го потпишува законот за ратификација на Договорот
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2018
Пред Собранието и вечерва имаше протести против промена на името на државата. Демонстрантите бараат оставка од Владата. Тие го повикаа претседателот на државата, Ѓорге Иванов да не го потпишува законот за ратификација на Договорот за името меѓу Македонија и Грција.
Кажуваат дека знамето од Кутлеш ќе биде забрането, ќе се менуваат учебниците.
Прашуваат дали ќе се смени името на градовите Македонски Брод и Македонска Каменица.
Сметаат дека Договорот е штетен. Во Скопје се протестира со денови против промена на името на државата.