НОВ ПРОТЕСТ ЗА ИМЕТО: Се повикуваат граѓаните без разлика на националност да го кренат својот глас
Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2018
Пред Собранието и вечерва се протестира против како што велат штетниот договор за името со Грција.
Граѓаните апелираат да се слушне гласот на народот и повикуваат сите без разлика на национална припадност да излезат за одбрана на името.
На овој начин велат ќе им се спротивстават на неодговорните политичари.
Синоќа имаше протест, а беше фрлен и молотов коктел кон Собранието. Десет лица беа приведени за нарушување на јавниот ред и мир.