28 Март, 2024
0.0249

НОВ ПУТИНОВ ПРОПАГАНДЕН УДАР НА СРБИЈА И КАКО МОСКВА ГИ КОРИСТИ ВО ХИБРИДНАТА ВОЈНА СО ЗАПАДОТ - детална Блиц анализа

Објавено во: Балкан 11 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Дали Русија ја злоупотребува Србија за да ги оствари своите интереси - ова е прашањето што се поставува откако рускиот амбасадор во Белград за руските портали најави дека во Србија може да се отвори руска воена база?! Не е првпат Москва да ја гледа Србија за своја територија, каде се обидува да ги зголеми тензиите и да предизвика војна за свои интереси, оценуваат аналитичарите за Блиц.рс.

Од почетокот на војната во Украина на 24 февруари, Србија е под страшен притисок да се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија, а засега таа е единствената европска земја, заедно со Белорусија, која не го сторила тоа. Но, како тоа да не и е доволно на Москва, таа повремено сака дополнително да ја означи Србија како „своја“ и тоа со прилично неодмерени изјави и постапки на нејзини функционери или пропагандни медиуми.

Еден од нив е порталот Лента.ру, кој е финансиран од руската Сбербанк. На тој портал шират дезинформации дека „во Србија може да се појави руска воена база која ќе извршува различни извидувачки задачи и ќе ја следи околината“.

Lentar.ru наведува дека за руската воена база во Србија зборувал и рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан Харченко.

Како што изјавил Харченко, „создавањето руски воени бази во Србија е работа на таа суверена држава“ и додал дека „тоа е прашање и на самата Русија“.

- Што се однесува до заедничкиот хуманитарен центар, тој постои и функционира за одговор на кризи во случај на хуманитарна катастрофа - нагласил Харченко.

Рускиот амбасадор во Белград подвлекол дека Србија е пријателска земја и дека Белград „фундаментално ги отфрла антируските санкции“.

Дезинформации за време на формирањето на владата во Србија

Интересно, руските медиуми и функционери излегоа во јавноста со оваа дезинформација во време кога во Србија се одржуваат консултации за формирање на нова влада, која треба да добие мандат следната недела.

Формирањето нова влада во Србија секогаш е придружено со прашањето дали таа влада ќе биде „проевропска“ или балансирана во светло на сиот притисок на Западот врз Белград да и сврти грб на Москва поради инвазијата на Украина.

Исто така, се чини дека руската пропагандна машинерија ја стави „во поголема брзина“ токму во периодот кога малку „се намали“ западниот притисок врз Србија да воведе санкции кон Русија.

„Како да е во интерес на Кремљ Србија да биде трајно независна, а Западен Балкан постојано да е во тензична, военохушкачка атмосфера, па сега пуштаат соопштенија за наводно формирање руски воени бази кај нас?!“, пишува медиумот.

Повеќе детали на Блиц.рс.

Фото: EPA/MANDATORY CREDIT

Можеби ќе ве интересира

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор